- Скопјанец се заканувал на полицаец по телефон – уапсен на Бит Пазар
- Филипче од Босилово: Владата манипулира со субвенциите, парите ги префрлаат од други програми
- Кумановец пронајден во бессознание под дејство на дрога во сопствениот дуќан, заработи кривична
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар добива нов лик, поставена е нова урбана опрема
- Започна проектот за обнова на Римските терми во Банско вреден над 1,3 милиони евра
- Од следната недела младите ќе можат да аплицираат за грантови од 10.000 евра за сопствен бизнис
- Филипче помеѓу земјоделците во Босилово: Земјоделството изумира поради ниски откупни цени
- СДСМ: Нацрт-извештајот од Брисел ги потврди нашите предупредувања, Владата нè води кон пропаст
Author: Author 03
– На 15.05.2026 во 23.26 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово дошло до физичка пресметка помеѓу Д.Т.(36) и Ф.К. при што Ф.К. му го оштетил возилото на Д.Т., информриаат од Секторот за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Европската комисија денеска го претстави новиот годишен извештај за состојбата со Шенген, во кој се забележува зголемување до 28 отсто на бројот на вратените странци без право на престој во ЕУ во 2025 година во однос на претходната година. Ова е највисокиот удел на враќања во последните 10 години, се посочува во документот. Истовремено, се забележува намалување од 26 отсто на незаконските преминувања на шенгенските граници. Во првите месеци по воведувањето на целосно автоматизираното преминување на надворешните европски граници се забележани 66 милиони влегувања и излегувања, а на 32.000 патници без право да влезат во ЕУ им бил одбиен пристап.…
Огромен рој пчели се појави на северниот тревник на Белата куќа во петокот и за неколку часа стана главна тема на разговор на социјалните мрежи. Фотографијата од необичната сцена ја објави дописникот на „Фокс бизнис“ од Белата куќа, Едвард Лоренс, кој напиша со видеото: „Овие точки се рој пчели на северниот тревник на Белата куќа. Таму моментално има илјадници.“ Фотографијата од ројот брзо се прошири низ интернет, а коментарите на корисниците варираа од духовити шеги до речиси апокалиптични теории.
Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов. -Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави систем кој ќе обезбеди произведената електричната енергија од обновливи извори, која е далеку поевтина од онаа што ја произведува ЕСМ а државата ја субвенционира, да стигне до граѓаните. Ние сме…
Транспаренти на кои се испишани политички и националистички пораки се забележани на протестот на албанските студенти. Во отсуство на било каков македонски симбол на протестот, студентите своите барања ги упатуваат до македонската Влада. Поддршка на протестот дадоа пратеници и високи членови од политичката партија ДУИ. На демонстрантите им се приклучија и лица дојдени од Приштина, а „УЧК“ извици се слушаа додека групата се движеше по Камениот мост од каде започна протестот. Претходно, поддршка за протестот даде и потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму посочуваат дека и во Скопје, во следните денови времето ќе биде променливо со сончеви периоди во…
Општина Центар во Скопје воведува нов модел на организација на јавните паркиралишта со кој значително се менува начинот на користење на зонското паркирање. Според новите правила, приоритет ќе имаат жителите на општината, при што секоја станбена единица добива право на едно бесплатно паркинг-место во својата зона на живеење, што се оценува како мерка за пофер распределба на просторот и поголема достапност за локалното население . Паралелно со новиот модел за жителите, се воведуваат и финансиски корекции кај дел од услугите. Поскапува зонското комерцијално паркирање, при што дневните карти во одредени зони се зголемуваат од 300 на 400 денари, а корекции има…
На 15 и 17.05.2026 на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, при што биле констатирани 104 прекршувања кои ги прават мотоциклистите. На подрачјето на Битола санкционирани биле 53, а на подрачјето на Прилеп санкционирани биле 47 мотоциклисти, додека 4 на подрачје на Македонски Брод. Од нив, вкупно 47 прекршоци биле констатирани за некористење на заштитен шлем-кацига, 28 санкции за управување без возачка дозвола, девет прекршоци за нерегистрирани моторцикли, мопеди. Притоа, констатирани биле четири прекршоци за измината важност на осигурителна полиса, два прекршоци за управување под дејство на алкохол, како и12 останати прекршоци.…
На 17.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Женева денеска официјално започна 79-то Светско здравствено собрание, настан кој уште на самиот почеток ги отвори клучните прашања за глобалната здравствена сигурност. Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, во своето воведно обраќање јасно ги дефинираше сериозните предизвици со кои се соочува ова тело на Обединетите нации во моментов. Тој испрати загрижувачка порака до јавноста, нагласувајќи ја моменталната ранливост на глобалниот систем. „Живееме во тешки, опасни и поделени времиња“, рече Тедрос на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот…
