Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови евро-банкноти доаѓаат: Проверете како ќе изгледаат и дали ќе треба да ги менувате старите пари
    • Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце
    • Ужас во соседството: 46-годишник силувал 12-годишно девојче
    • На сред лет пукна стаклото во пилотската кабина, авионот итно се вратил на аеродромот во Хјустон
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • 19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинителката Коларевиќ за 360 степени: Обвинителството не носи одлуки за да одговараат на нечии очекувања

    Обвинителката Коларевиќ за 360 степени: Обвинителството не носи одлуки за да одговараат на нечии очекувања

    14.05.2026 во 18:05Updated:14.05.2026 во 18:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Една од главните причини поради кои ја прекинала истрагата за случајот „Мазут“, вели Kaтерина Коларевиќ за „360 степени“, се исказите кои пред обвинителството ги дале претставниците на државната компанија ЕСМ, и тоа само пред два месеци – во март 2026 г.

    И не само тоа, додава таа, претставниците на АД ЕСМ, овластени од сегашниот директор на АД ЕСМ, и претставниците на ТЕЦ „Неготино“, овластени од сегашниот директор на ТЕЦ „Неготино“, на записник во обвинителството изјавија дека постапките се спроведувале согласно правилата, дека немало проблеми во динамиката на испорака, дека договорите биле целосно испочитувани.

    „Обвинителството не се впушта во коментирање на изјави на политички актери или на други институции и сметам дека тој принцип треба да се задржи. Нашата обврска не е да учествуваме во политички дебати, туку да постапуваме исклучиво врз основа на закон, докази и факти утврдени во постапката. Разбирам дека одлуката предизвика реакции во јавноста, меѓутоа обвинителството не носи одлуки за да бидат популарни или да одговараат на нечии очекувања, туку за да бидат законити и одржливи. Во конкретниот предмет, истрагата траеше повеќе од една година, беа преземени бројни дејствија, беа анализирани обемни докази и на крајот не се обезбедија докази што ќе овозможат продолжување на постапката и поднесување обвинение. Досегашното искуство во државата покажало дека поднесувањето обвиненија без цврста доказна основа, особено во предмети под силен јавен и политички притисок, неретко резултира со ослободителни пресуди, долготрајни постапки или застарување на предметите, со што се создаваат и сериозни финансиски импликации врз Буџетот по основ на судски трошоци и надомест на штета. Токму затоа обвинителството мора да постапува одговорно и професионално, а не под влијание на дневнополитички очекувања. Секој има право на политички став и коментар, но обвинителството не смее да работи под притисок, ниту врз основа на политички изјави, медиумска атмосфера или јавни очекувања. Единствениот критериум за нас е дали постојат докази што можат да издржат пред суд и да резултираат со законита и осудителна пресуда“, изјавила обвинителката за 360 степени одговарајќи на прашање за тоа дека многумина се шокирани од прекинот на истрагата.

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал пред околу 48 часа соопшти дека ја прекинува истрагата за случајот познат во јавноста под кодното име „Мазут“, за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“ за време на енергетската криза од 2021 до 2023 година. Тоа значи дека е прекинат кривичниот прогон против 13 физички лица, меѓу кои и бизнисмените Ратко Капушевски, Ерџан Сулкоски, Асмир Јахоски, поранешниот директор на државната компанија АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, како и уште осум други лица вработени во ЕСМ.

    Обвинителката која ја водеше истрагата, на брифинг со новинарите, ги образложи причините за таквата одлука.

    Целата сторија прочитајте ја тука.

    Прочитај повеќе

    Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 16:25

    19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово

    28.09.2026 во 16:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.