- Стојаноска: Уставните измени мора да се последно барање за членство во ЕУ
- Кире Михаилов: За кратко Струмица ќе грми
- Мицевски: Владата е проевропска, ама и ги штити македонските национални интереси
- Петмина под истрага за Терористичка организација
- Формирале медиумски канал и поттикнувале формирање на терористичка група како ИСИС – пет лица завршија зад решетки
- Денеска вкупно 6 пожари – еден се уште е активен
- Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
- ФОТО: Падна фасада од станбена зграда во Козле
Author: Author 03
Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, за што и во изминатите години и во 2025 година има констатирано дека судските постапки траат предолго и не се води сметка за ефикасноста на постапките. – Притоа странките не добиваат навремени известувања за статусот на нивните предмети.…
Регионалниот суд во германскиот град Бремен денеска донесе пресуда против кондиторскиот гигант „Монделез интернационал“ (Mondelēz International), откако утврди дека компанијата ги довела во заблуда потрошувачите со намалување на грамажата на популарното чоколадо „Милка“, без притоа да ја промени амбалажата. Во образложението на пресудата се наведува дека препознатливиот изглед на пакувањето кај купувачите создава очекување за одредена количина производ, додека потрошувачите лесно можат да ги превидат ситно испечатените податоци за грамажата, кои на полиците во продавниците честопати се покриени со рабовите на рафтовите. Анализата покажала дека новата табла „Милка“ во пакувањето станала потенка за само еден милиметар. Визуелно, пакувањето останало идентично…
Германските власти покренаа обвинение против педијатар вработен во болница во градот Висбаден, под сомнение за сторени тешки кривични дела врз деца во рамките на самата здравствена установа. Случајот, кој ја вознемири германската јавност, опфаќа обвиненија за силување и сексуална злоупотреба на малолетни лица кои биле под негова лекарска грижа. Истрагата започна откако биле пријавени сомнителни активности, по што полицијата и обвинителството презедоа брзи дејствија за обезбедување докази. поред извештаите, обвинетиот лекар веднаш бил отстранет од должноста, а болницата соработува со надлежните органи во расветлувањето на целиот случај. Оваа вест предизвика сериозни реакции во јавноста и отвори дебата за безбедносните протоколи…
Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд го погоди турскиот град Самсун, предизвикувајќи поплави кои го парализираа сообраќајот и предизвикаа штети на бројни инфраструктурни објекти. Според официјалните информации, во невремето се повредени 12 лица, кои беа итно пренесени во болница за укажување лекарска помош. Поројните дождови ги претворија улиците во реки, носејќи сè пред себе, поради што голем број возила останаа заглавени во водената маса. Спасувачките екипи веднаш беа распоредени на терен за да помогнат во евакуацијата на граѓаните и расчистувањето на критичните точки во градот. Пријавени се оштетувања на приземните простории во голем број домови и деловни објекти,…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати остра порака до земјите-членки, посочувајќи дека Русија и понатаму претставува директна и најголема безбедносна закана за Алијансата. Според Руте, заканата не е ограничена само на источното крило, туку има глобални импликации. Клучни пораки од Марк Руте: „Мораме да сфатиме дека одбраната не е трошок, туку инвестиција во нашата иднина. Безбедноста на нашиот континент зависи од тоа колку брзо можеме да се прилагодиме на новите реалности“, истакна Руте. Предизвици пред Алијансата Во својот говор, Руте се осврна и на потребата од поголема индустриска база за производство на муниција и воена опрема. Тој порача дека…
Лидерите на 14 земји-членки на НАТО од источниот и северниот дел на Европа предупредија дека повторените нарушувања на воздушниот простор од страна на Русија ја нагласуваат итната потреба од зајакнување на воздушната и ракетната одбрана на Алијансата против ракети и беспилотни летала. Во заедничката изјава, усвоена по состанокот во Букурешт, лидерите ги осудија, како што наведоа, „конфронтирачките активности“ на Русија, вклучително саботажи, кибернапади и други хибридни закани насочени кон сојузниците и партнерите на НАТО. „Повторените нарушувања на воздушниот простор на источниот фронт ја истакнуваат потребата од дополнително зајакнување на воздушната и ракетната одбрана, особено против заканите од беспилотни летала“, се…
Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна во главниот град на Кина, Пекинг. За утре наутро по локално време е предвидена средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, на која ќе се разговара за трговијата, за билатералните односи и за безбедносните прашања. Трамп на аеродромот беше пречекан со воени почести и воен оркестар и од кинеска делегација предводена од потпретседателот Хан Женг. На пистата беа и 300 млади Кинези облечени во сино-бели униформи и вееја кинески знамиња. Американскиот претседател во Пекинг е придружуван од државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и трговскиот претставник Џејмисон Грир. Американскиот министер за финансии…
Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доцна попладнево спроведе вонреден надзор во скопската зоолошка градина каде вчера вечер беше згрижено диво животно заловено во скопската населба Козле.Врз основа на искуство во работата со диви животни и спроведениот стручен преглед на физичката градба на заловеното животно и неговото однесување, како и на проверка на други важни факти за утврдување на неговиот вид, од страна на официјалниот ветеринар потврдено е дека станува збор за диво животно од видот волк.Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска…
На 12.05.2026 во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. -Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување, информира МВР. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани во содејство со инспектор за безбедност и здравје при работа и инспектор за работни односи.
Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот е закотвен во францускиот град Бордо, откако на бродот беше регистриран бран на гастроинтестинални заболувања. Локалните здравствени власти и префектурата донесоа одлука со која на сите лица на бродот им се забранува симнување на копно. Лекарска интервенција и истрага Според информациите од капетанот на бродот, околу 50 патници покажале симптоми на болеста. Истовремено, локалниот весник „Суд уест“ и други француски медиуми пренесоа дека починал британски патник на возраст над 90 години. Екипа од лекари се качи на бродот „Амбишн“ за да ја процени здравствената состојба на патниците и да земе примероци…
