Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    13.05.2026 во 17:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Им се обраќаме на СДС токму од местото, кое е доказ за нивната негрижа и потценувачки однос кон студентите. Местото каде што во нивните седум години власт требаше да никне нов студентски дом, но наместо дела, студентите добија празни ветувања. Седум години не изградија ниту еден нов студентски дом. Седум години ги оставија студентите во лоши услови, без визија и без вистинска грижа. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, работите конечно се придвижија. Пред речиси две години започна реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, со цел студентите да добијат достоинствени услови за живот и студирање, изјави Илија Ристески член на ИК на УМС.

    Истите тие, 7 години не знаеја ниту да ги завршат зградите на ФИНКИ и ФФК, иако ги наследија како започнати. Наместо напредок, оставија блокади и застој, па денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мора да работи на откочување на процесите што тие ги закочија.

    Негрижата на претходната власт кон студентите не се гледаше само во нефункционалните студентски домови, се гледаше и во целокупниот однос кон студентскиот стандард.

    Студентите во време на СДС се соочуваа со лоши услови, недоволна поддршка и неизвесност, и наместо да инвестираат во младите, во образованието, сведочевме на години на застој, неодговорност и игнорирање на проблемите на студентите.

    Студентите не треба да се грижат. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заврши и овие проекти, исто како што ги обновува студентските домови низ државата.

    Потсетуваме дека над 50.000 студенти добија ваучери од 250 евра, се прошири опфатот на студентскиот оброк, а стипендиите се зголемени. Започнат е и процес на дигитализација на универзитетите и воведување на е-индекс, со цел модернизација на високото образование.

    Во текот на овој мандат ќе бидат реконструирани вкупно 9 студентски домови низ државата.

    Ќе се реализира реконструкцијата на зградите на ФИНКИ и ФФК.

    Комплетната реконструкција на спортската сала во кругот на УКИМ веќе е започната.

    Реконструирано е повеќенаменско игралиште во рамки на студентскиот дом Гоце Делчев, а наскоро ќе биде поставена и фитнес зона во рамките на еден од студентските домови во Скопје.

    Младите ќе добијат нови студентски домови, современи факултетски објекти и подобри услови за образование и развој.

    ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите и продолжува со конкретни политики и проекти што носат реални резултати, изјави Ристески. 

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.