Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Василевска: Темелот на изградбата на визијата за современата македонска држава е Гоце Делчев

    Василевска: Темелот на изградбата на визијата за современата македонска држава е Гоце Делчев

    04.05.2026 во 19:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иванка Василевска, професор на правниот факултет при УКИМ и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од трибината која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан Гоце Делчев, на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“.

    „Гоце Делчев е дел од македонската визија и еден од главните стожери и темелот на изградбата на визијата за современата македонска национална држава. Гоце Делчев, нашиот јунак, нашиот симбол, нашата национална гордост е еден класичен пример на еден револуционерен деец со особен карактер, бидејќи таквите особени луѓе се раѓаат повремено во историските циклуси. Таков не можете да станете. Тој е порив, тој е мисија и тоа е судбина“, истакна Василевска и додаде:

    „И како таков учествува во се она што го стекнал како знаење, организирајќи ги револуционерните кругови, но и влијаејќи на најважната компонента, за еден народ да може да создаде национална држава. А тоа е образованието“.

    Василевска порача дека Гоце Делчев го ценел секој човечки живот и се водел од чесност и одговорност, ставајќи ги луѓето пред политичките цели.

    „Ние се повикуваме на него и го славиме поради неговата прогресивна дејност и поради пораката, која што не секојпат кореспондирала со актуелниот моментум, ниту пак со приликите. И ние сите добро знаеме дека дури и неговите согледувања и за отпорот на одредени воени кругови во Софија, кои по секоја цена сакаа по примерот на априлското востание да изнудат востание, кое без оглед на цивилните жртви, ќе предизвика повотрно еден стрес во светската јавност. Него секој човечки живот, на секој еден македонец и секој останат кој што се придржува на делото на чесноста одговорноста и визијата за автономна Македонија дека е бесценет и не треба да биде потрошен“, рече Василевска.

    Василевска посочи дека жртвата и делото на Гоце Делчев се темел за создавањето на македонската држава, која и денес се соочува со предизвици и напади.

    „Колку и да зборуваме на оваа тема, нема да биде достојно да му се оддолжиме за саможртвата и за се она што го постави преку своето делување со својата чиста мисла, за да дојдеме и да успееме барем на едно мало парче од македонската земја, да формираме национална држава, која не случајно е повторно и повторно историски под напад“, заклучи Василевска.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.