„Кога говориме на темата за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и зборуваме за она што во иднина следи. Државите се градат со многу битки, многу борби, војни, крв и жртви. Гоце Делчев е една од жртвите во македонската историја којшто загинал за тоа што го идеализирал и размислувал. Гоце Делчев во сите свои постапки, дела, работа и писанија што ги има за него е истакнато дека работел за самостојна, за автономна, за независна Македонија, и загинал за таа идеја“, истакна Ѓорѓија Сајкоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина на тема „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев.
Ѓорѓија Сајкоски посочи дека кога говориме за Гоце Делчев, говориме за државноста на Македонија и испрати порака да работиме во насока да ги почитуваме нашите борци кои дале значаен придонес за автономна и независна Македонија и да продолжиме да работиме за развиена држава со која што ќе се гордеат идните генерации.
„Да работиме во насока да ги почитуваме нашите борци, нашите жртви, за слобода, за автономија, за Македонија, коишто дале значаен придонес, и да работиме како тие што работеле во минатото. Тие работеле за идеја, за независност, за посебност, за самостојност, а ние да работиме за развиена држава, да работиме за држава економски моќна, да работиме за држава инфраструктурно поврзана и да работиме за држава со која што ќе се гордеат идните генерации и ќе зборуваат исто како ние денес што зборуваме за нашите предци“, рече Сајкоски.
- УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
- (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
- МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
- МЗ: Вонреден инспекциски надзор во три болници во Македонија
- Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
- Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
- СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
- ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена

