Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се фати во лагата – Вајц кажа дека Владата испорачува

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се фати во лагата – Вајц кажа дека Владата испорачува

    29.04.2026 во 09:082 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Венко Филипче повторно се фати во сопствената мрежа на лаги.

    Во очајничка потрага по политички поени и со жед за власт која очигледно не познава граници, Филипче агресивно ширеше невистини за две теми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прво, Филипче со месеци сугерираше дека македонските земјоделци се оставени сами. Вчера пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој,  со јасна и недвосмислена порака дека средствата од ИПАРД програмата се целосно достапни за располагање. Средствата никогаш не биле блокирани.

    Исто така, Филипче се обиде да го претстави европратеникот и известувач Томас Вајц, како критичар на Владата, дека наводно изразил сомнеж во посветеноста на Владата кон реформите и дека евроинтегративниот процес е во застој.

    Вчера, во интервју за една македонска национална телевизија, Вајц лично ги разби тие тврдења.

    Интервјуто кое Филипче со толку ентузијазам го спинуваше, и кое, како што кажа Вајц, е снимено за бугарска телевизиска станица,  е дадено пред седум недели. Од тогаш до денес, Вајц лично напомена дека се преземени конкретни чекори и дека постои видлив напредок, а потврди и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача минатата година, како што испорачува и оваа година.

    Значи Филипче воопшто не е информиран, ниту пак е во тек со нештата. Извлече застарена изјава, ја изолира од контекст, ја сервираше на јавноста како актуелна и сето тоа за да конструира лажна слика.

    Дали некој воопшто го информира Филипче или тој свесно и методично ја следи сопствената агенда, без оглед на фактите и последиците?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.