Author: Author 03

Добредојде за претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, во Скопје. Утрово, со највисоки воени и државни почести, го пречекав претседателот Пармелан, кој заедно со неговата сопруга престојува во официјална посета на земјава, на покана на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, информираше на социјалните мрежи министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Посетата претставува потврда за одличните билатерални односи и можност за нивно натамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката и економската соработка, додава Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.

Повеќе

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoр 8 се реализира со засилена динамика, објави на својот фејсбук профил директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски и објави видео од изградбата. “ Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34км. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности” – објави Ивановски. Паралелно со ова веќе се објави и јавниот повик за Надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот…

Повеќе

Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел. На средбата, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, се дискутирало за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5 отсто од националниот БДП за одбраната. -Определбата за зајакната цивилно-воена соработка беше повторно демонстрирана преку заедничката сесија меѓу претставниците за отпорност и националните директори за логистика, одржана за првпат во овој формат и на ова ниво. Концептот за поддршка на земја-домаќин е невозможен без координирана…

Повеќе

Секоја чест за полицијата на ДПМНЕ и нивната сервилна, селективна и политички мотивирана примена на сила. Ја известуваме јавноста дека претседателот на помладокот на Левица – Црвена младина, Андреј Куцуловски, е пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме, велат од Левица. За овој “прекршок” беше мобилизирана толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој впрочем не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент. Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за…

Повеќе

-Денеска во Општата болница во Гостивар присуствуваме на настан по повод обезбедена медицинска опрема за четири регионални болници, опрема којашто има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници. Во партнерство со Проект ХОПЕ, преку проектот Перимак, обезбедена е современа медицинска опрема во вкупна вредност од околу половина милион американски долари, наменета за четири регионални болници – Гостивар, Велес, Струмица и Струга. Само за Општата болница во Гостивар вредноста на опремата изнесува околу 130 илјади американски долари, изјави министерот за здравство Азир Алиу во рамки на посетата на Општата болница Гостивар. Тој посочи…

Повеќе

Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека постои можност лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, да ѝ се приклучи на Владата и додаде дека комуникацијата за ова прашање се одвива на повеќе нивоа. Во гостување во емисија на ТВ 24, Меџити рече дека вратата за Села е подотворена и дека се испитува можноста за негово евентуално вклучување во владиното мнозинство. „Постои опција Зијадин Села да ѝ се приклучи на Владата. Вратата му е подотворена, комуницираме на различни нивоа“, кажа тој. Најави дека во рамки на претстојната реконструкција на Владата се очекуваат промени…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М Телевизија, укажа дека Владата на ВМРО направи упад во пензискиот систем и со линераното зголемување на пензиите сериозно ги оштети пензионерите. „Оваа власт направи таков упад направи во пензискиот систем, даде два пати линеарно покачување на пензиите и што постигна само ги украдоа пензионерите, затоа што зголемувањето на пензиите со системот кој што ние го поставивме ќе значеше многу повеќе пари сега. Сега ова зголемување немаше биде само 1.000 денари. Најмалото ќе беше околу 1.500-1.600 денари, а најголемото 3.500 денари“, рече Филипче. Во интервјуто, Филипче нагласи дека политиките кои што…

Повеќе

СВР Битола поднела кривична пријава против три лица кои земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка. -Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ – соопшти Министерството за внатрешни работи. На 09 март 2026 година, како што посочуваат од МВР, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја…

Повеќе

Додека светот чекаше олеснување на тензиите по прекинот на огнот во април, американскиот претседател Доналд Трамп испрати јасен сигнал дека Вашингтон нема намера да попушти. Трамп им наложил на своите соработници и воени стратези да се подготват за „продолжена блокада“ на Иран, потег кој дополнително ќе го изолира Техеран и ќе изврши притисок врз нивната економија. Стратегија на максимален притисок Според информациите, претседателот Трамп верува дека сегашниот моментум е на страната на САД и дека економската и поморската изолација на Иран ќе донесе побрзи резултати од директен воен конфликт. Извори блиски до Белата куќа брифираат дека Трамп е дециден во…

Повеќе

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци. Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр.160/2025), според кој управителите на станбени згради беа должни најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење…

Повеќе