Close Menu
Press24
    Најново

    Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда

    08.07.2026 во 18:46

    Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ

    08.07.2026 во 18:23

    Гаши се сретна со Кос: Во фокусот на разговорите патот на Македонија кон ЕУ

    08.07.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда
    • Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ
    • Гаши се сретна со Кос: Во фокусот на разговорите патот на Македонија кон ЕУ
    • Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов на состанок во НАТО: Фокус на отпорноста и цивилната подготвеност

    Ангелов на состанок во НАТО: Фокус на отпорноста и цивилната подготвеност

    29.04.2026 во 10:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел.

    На средбата, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, се дискутирало за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5 отсто од националниот БДП за одбраната.

    -Определбата за зајакната цивилно-воена соработка беше повторно демонстрирана преку заедничката сесија меѓу претставниците за отпорност и националните директори за логистика, одржана за првпат во овој формат и на ова ниво. Концептот за поддршка на земја-домаќин е невозможен без координирана цивилно-воена соработка и заедничко планирање, коишто се клучни за ефикасно спроведување на одбранбените планови на НАТО, се наведува во соопштението.

    Состаноците на Комитет за градење отпорност на ниво на високи национални претставници се одржуваат еднаш годишно и претставуваат централна платформа за креирање на политиките на Алијансата со цивилен предзнак.

    Цивилната подготвеност и цивилното одбранбено планирање се дел од пошироките напори за јакнење на колективната отпорност на Алијансата и концептот за одвраќање и одбрана на НАТО.

    Прочитај повеќе

    Завршни зборови за предметот против Димитровска: Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда

    08.07.2026 во 18:46

    Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ

    08.07.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.