- Николоски: Со 12 милиони евра „8-ми Септември“ стана најмодерна болница во државата
- Демант од АХВ: Не сме дале изјава дека животното од Козле е чипирано куче, а не волк
- Екс министерот Николовски под сомнение за распределба на 800.000 евра
- Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто
- Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија
- Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор
- Манасиевски: Филипче призна дека позициите на СДС се исти со тие на Бугарија
- Не било волк туку куче: Сопственикот си го бара назад, посочуваат од АХВ
Author: Author 03
Во поткастот „Радар“ гостуваше Даме Димитриевски, носител на советничка листа на град Скопје. Димитриевски објасни дека е формирана работна група за намалување на ризиците за палење на шумите, со цел раната детекција и соодветна реакција. „Се формираше голема работна група поврзана со намалување на ризиците за палање на шумите, и утврдија во таа група, дека има можност да се унапреди овој систем, прво во раната детекција и се поставија неколку такви системи за рана детекција, се ангажираа луѓето коишто се задолжени да носат средства или да побаруваат средства од странски фондации за да се подобри овој систем, се работи интензивно…
„Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот во Трубарево не е загаден, задоцни со реакција и не презеде никакви итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително и евакуација,“ изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој потенцираше дека токму поради овие лаги и пропусти, власта е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околните населени места. „Со тие лаги е директно одговорна за труењето на луѓето во Трубарево и околината. Официјалните податоци, кои беа објавени дури шест дена по пожарот, покажуваат алармантни бројки: 12 пати над дозволеното ниво на кадмиум во воздухот (59,1 ng/m³ наспроти дозволени 5), покачени вредности…
Во поткастот „Радар“ гостуваше Даме Димитриевски, носител на советничка листа на град Скопје. Димитриевски дискутираше за решавањето на проблемите со депониите, и истакна дека како држава треба да поставиме основи за добро управување со отпадот, и тоа со создавањето на соодветни центри за управување, постапката за управување со отпадот почнува во дизајнот на отпадот и тоа дали производот ќе создава помалку или повеќе количество отпад. „Ние мораме да поставиме основи за добро управување со отпадот, ако сакаме да стигнеме за одредено време да сме вистинска европска земја, тоа значи да имаме центри во коишто ќе управуваме со отпадот, не да…
По повод 80-годишнината од основањето на Обединетите Нации, претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, испрати порака во која ја потенцира важноста на мултилатерализмот, реформите во ОН и улогата на малите држави во зачувувањето на глобалниот поредок заснован на правила. „Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да ги почитуваат човековите права и да ја унапредат правдата. Осум децении подоцна, за жал, многу од тие достигнувања се поткопани“, порача Силјановска-Давкова. Таа предупреди дека мултилатералниот систем е сѐ повеќе парализиран токму кога е најпотребен, наведувајќи дека Обединетите Нации денес се приближуваат до моментот…
„Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ рече Каја Шукова претставувајќи го планот за концепт за дигитално Скопје. Таа потенцира дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде Шукова. Во рамки на иницијативата, предвидено е воведување на унифицирана дигитална платформа што ќе ги поврзе сите градски претпријатија, образовни и културни институции. „Со еден клик, лесно за граѓаните ќе бидат достапни сите градски услуги,“ истакна таа. Проектот…
По повод Светскиот ден на дарители на коскена срцевина, Министерството за здравство ја истакнува важноста на националниот дарителски регистар, кој функционира во рамки на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицински факултет-Скопје. Националниот регистар е единствениот официјален регистар во државата и досега се овозможени вкупно 69 трансплантации на пациенти од државава и три на странски пациенти со клетки од македонски дарители. Во него се регрутирани повеќе од 6.000 доброволни дарители. Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод денот истакнува дека „секој доброволен дарител на матични клетки претставува надеж за спасување човечки живот. Министерството за здравство останува целосно посветено на поддршка…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави тимот од Комисија за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти кои работат на современи и одржливи урбанистички решенија за општината. Танкица Христова Спасовска, м-р Биљана Насковиќ, м-р Дамјан Цингарски, Александра Марсениќ Крајчески, Ана Лукиќ Коробар, д-р Маја Лазаревска и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља е тимот што работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација со акцент на зеленило, велосипедизам, подземни паркинзи, јавни плоштади и квалитетно партерно уредување. Тимот ќе продолжи да се надградува и проширува со нови експерти, со цел уште посеопфатно да одговори на предизвиците на современиот урбан развој.…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари. Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и побарал да му даде 1000 евра за да го заштити од други луѓе кои претходно му барале пари. Истовремено му се заканил да не пријавува во полиција, бидејќи ќе го убие и ќе му ја…
Во најновото соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, како и целото раководство на партијата, за, како што наведуваат, лицемерие и прикриено користење на партиски средства, спротивно на јавниот имиџ што го градат. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса. „Тие се целосно разобличени и демаскирани“, стои во соопштението, каде се наведува дека, според информации од свиркачи од самата партија Левица, Мојсоска на 26 април 2024 година земала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862…
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, информираат од Министерството за здравство. -Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем. Паралелно го спроведуваме и процесот за вработување на приватните специјализанти, со кој решаваме децениски егзистенцијален проблем на оваа категорија здравствени работници. Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита е наш партнер со кој со заеднички заложби работиме на унапредување на…
