Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа

    04.05.2026 во 19:36

    Тажна вест: Почина Цирко

    04.05.2026 во 19:29

    Василевска: Темелот на изградбата на визијата за современата македонска држава е Гоце Делчев

    04.05.2026 во 19:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова на Самитот во Ереван: Енергетската и инфраструктурната поврзаност се клуч за стабилна и безбедна Европа
    • Тажна вест: Почина Цирко
    • Василевска: Темелот на изградбата на визијата за современата македонска држава е Гоце Делчев
    • Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација
    • Јорданов: Вредностите кои Гоце Делчев ги оставил како аманет
    • Кривична пријава за затвореник во Идризово: Му нашле дрога и таблети при претрес
    • СДСМ: Мицкоски веќе најавува заострување на односите со Бугарија
    • Среќен крај на потрагата: Исчезнатото 15-годишно девојче од Тетово пронајдено во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска и раководството на Левица инкасирале партиски пари зад грбот на јавноста

    ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска и раководството на Левица инкасирале партиски пари зад грбот на јавноста

    20.09.2025 во 10:491 Min Read
    ФОТО: Принтскрин Левица Јована Мојсоска, кандидатка на Левица за градоначалничка на Струга
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во најновото соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, како и целото раководство на партијата, за, како што наведуваат, лицемерие и прикриено користење на партиски средства, спротивно на јавниот имиџ што го градат.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека додека Мојсоска и Левица јавно се претставуваат како „чесни, скромни и неподмитливи“, зад затворени врати инкасираат значителни суми на пари од партиската каса.

    „Тие се целосно разобличени и демаскирани“, стои во соопштението, каде се наведува дека, според информации од свиркачи од самата партија Левица, Мојсоска на 26 април 2024 година земала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година – 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули годинава, во три наврати, таа земала по 54.000 денари.

    Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Мојсоска не е изолиран случај и дека целото раководство на президиумот на Левица посегнало по партиски средства, во моменти кога јавно глумат скромност и „луѓе од народот“.

    „Граѓаните имаат право да знаат зошто се цедат партиските сметки додека јавно се зборува за аскетизам. Дали пратеничката плата не е доволна?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата заклучува дека лицемерието на Мојсоска и раководството на Левица е разоткриено и дека, како што велат, „никој веќе не им верува“

    Featured
    Прочитај повеќе

    Василевска: Темелот на изградбата на визијата за современата македонска држава е Гоце Делчев

    04.05.2026 во 19:19

    Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација

    04.05.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.