Author: Author 03

На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври 2025 година, во Музејот на современата уметност. Ова регионална платформа ги поврзува владите од регионот, деловната заедница, академијата и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Самитот ќе биде организиран на две сцени – главна и технолошка, со три носечки приоритети: •     Дигитален паричник – сигурен и препознатлив пристап до јавни и приватни услуги. •     Интероперабилност – поврзување на системи и регистри за прекугранични електронски услуги. •     Сајбер-безбедност – заштита на…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и лаги, додека СДСМ настапува со чесни и компетентни кандидати на овие избори. „Оваа власт е се подалечна од народот. Арогантна и самозадоволна, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци. Работниците чекаат повисоки плати, а тие се расфрлаат со нивните пари. Додека платите стагнираа, инфлацијата го јаде секој заработен денар.“ рече Филипче. „Имаме највисоки цени за храна, а власта не прави ништо да ги ограничи додека ни продаваат приказни дека сме на врвот во Европа во…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ се закани на Венецуела дека ќе плати „непроценлива“ цена ако не прифати назад „затвореници и психијатриски пациенти“ кои, според него, венецуелското „раководство“ ги натерало да влезат во САД. – Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од психијатриски институции, меѓу кои и од најлошите лудници во светот, што венецуелското „раководство“ ги натерало да влезат во Соединетите Американски Држави. Илјадници луѓе биле тешко повредени, па дури и убиени, од овие „чудовишта“. ИЗВЕДЕТЕ ГИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА, ВЕДНАШ, ИЛИ ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌАТЕ ЌЕ БИДЕ НЕПРОЦЕЛИВА!, напиша Трамп на својата социјална мрежа…

Повеќе

Велика Британија денеска ќе ја признае палестинската држава и покрај притисокот од САД и семејствата на заложниците што ги држи Хамас. Британскиот премиер Кир Стармер во јули објави дека Велика Британија ќе ја признае Палестина во септември доколку ситуацијата во Газа не се подобри. Би-Би-Си објави дека Стармер и неговите министри во кабинетот заклучиле дека ситуацијата на терен се влошила во последните недели и дека ќе го објават признавањето на Палестина во недела попладне. Со тековната воена офанзива и хуманитарната криза во Газа, каде што владеат очај и глад, британската влада е алармирана од плановите за забрзување на изградбата на…

Повеќе

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение реагира на, како што велат, обидите на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата ВРЕДИ да ги контролираат албанските гласови, најавувајќи дека на локалните избори на 19 октомври „ќе победи волјата на народот“. „Секојпат кога Мицкоски повторува дека нема да има предвремени избори, тој всушност признава страв од неминовниот пораз што го очекува – и тој и неговиот политички инструмент меѓу Албанците, ВРЕДИ“, се вели во соопштението. Од ДУИ велат дека ВРЕДИ не е изборот на Албанците, туку „вазална структура инсталирана од ВМРО-ДПМНЕ за да ги држи Албанците покорени“. Како доказ за тоа, од партијата…

Повеќе

„Процесот на унифицирање на регистарските таблици на службените возила се одвива непречено, имаме постојана координација и соработка со сите институции. Заклучно со 19 септември, обележани се 671 возило и очекувам до крајниот рок, 29 септември, да бидат брендирани сите возила во согласност со владините препораки“, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во своето вчерашно гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија. Тој истакна дека е задоволен од досегашната динамика на замена на таблиците и посочи дека практично и оние што би се обиделе да го одложат процесот, нема да можат да го избегнат, бидејќи со првата редовна регистрација ќе мора да ја извршат…

Повеќе

На 20.09.2025 во 15:50 часот, во селото Зајас- општина Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Д.(64) врз Т.М.(59), двајцата од истото село. Во врска со тоа, а врз основа на судска наредба, од А.Д. одземени се еден пиштол „берета“ калибар 9 милиметри, една ловна пушка и еден ловен карабин „бенели“, како и една дозвола за оружје. По целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава

Повеќе

Во раните утрински часови, околу 02:00 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 20-годишен сопатник на мотоцикл, информира СВР Охрид. Несреќата се случила кога 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл од марката „Пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник, Д.К. (20) од Охрид. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Од страна на полицијата се преземени соодветни мерки, при што е утврдено дека и возачот и сопатникот биле под дејство на…

Повеќе

Коалицијата ВРЕДИ ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека, во пресрет на секои локални избори, наместо да зборува за општинските проблеми, користи националистичка реторика и референдуми за да го сокрие, како што велат, својот долгогодишен неуспех во управувањето со општините. „ДУИ има едноставен рецепт веќе две децении – кога доаѓаат избори, наместо отчет за работа, измислува национални теми, знамиња и референдуми. Причината е очигледна – сака да ја избегне реалната слика за состојбата во општините со кои управува“, се наведува во соопштението на ВРЕДИ, што го пренесува МИА. Од коалицијата обвинуваат дека општините под водство на ДУИ и по…

Повеќе