- Минчев на средба со Памер: Реформите во јавната администрација бараат системски пристап и европски практики
- Трамп со остар пресврт: САД се повлекуваат од 66 меѓународни организации и тела
- Собранието изгласа младински додаток од 3.000 денари за вработените млади во производството
- Сиљановска-Давкова на средба со Стевановиќ во Љубљана: Потребно е итно деблокирање на македонските евроинтеграции
- Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Се отвораат можности за нови заеднички проекти со ОН за Скопје
- Петровска по собраниската седница: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против предлозите за поддршка на граѓаните, а експресно одобри нов долг
- Дурмиши: Со новите измени го стеснуваме кругот на игрите на среќа, казината се оддалечуваат на 500 метри од училиштата
- Метео аларм: Подгответе ги чадорите, доаѓа бран со пообилен пороен дожд и грмежи
Author: Author 03
Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека две болници во градот Газа – детската „ал-Рантиси“ и болницата „Eye“ – престанале со работа поради штетите од израелското бомбардирање и напредувањето на копнената офанзива. Според властите, здравствениот систем е намерно цел на нападите, што го прави речиси невозможно пациентите и ранетите безбедно да стигнат до болнички објекти. Израел сè уште не се огласил по обвинувањата. Израелската армија, која тврди дека Хамас го користи градот Газа како последно упориште, продолжува со копнените операции и уништување на стамбени блокови. Локалните власти велат дека само во понеделник најмалку 25 лица биле убиени во нападите,…
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје уште една година откако ќе истече договорот со САД во февруари 2026 година. Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето. Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната стабилност и оти се надева дека САД ќе го следат примерот на Русија и ќе се придржуваат до ограничувањата. Со Договорот Нов СТАРТ се ограничуваат арсеналите на двете земји на максимум…
Тензиите меѓу Русија и западните сојузници повторно ескалираа откако три руски борбени авиони во петокот го нарушија воздушниот простор на Естонија – земја-членка на НАТО. Инцидентот, кој траел 12 минути, предизвика остри реакции од страна на Северноатлантската алијанса и Европската Унија, кои го оценија дејствието како нова руска „провокација“. Москва, пак, ги негираше обвинувањата и тврди дека не било прекршено меѓународното право. Како одговор на инцидентот, Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори ќе одржи состанок во рамките на Член 4 од основачкиот договор на НАТО. Овој член предвидува консултации меѓу сојузниците кога некоја од членките се чувствува загрозено. Истовремено, Советот…
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 23.09.2025 (вторник) во периодот од 17:30 до 21:00 часот поради одржување на трка која ќе започне од пред Основното училиште „Кочо Рацин“, потоа десно по ул.„Тодор Александров“, десно по ул.„Партенија Зографски“ и десно по ул.„Ацо Караманов“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Жежок костен држи во рацете францускиот премиер, Себастијан Лекорну, на самиот почеток од мандатот. Откако неговиот претходник, Франсоа Бајру, не успеа да добие поддршка за буџетот за штедење, сега и тој е пред истата задача. Растргнат е меѓу барањето да воведе данок на богатство за да го спаси буџетот и барањето да не чепка во парите на ултрабогатите за да не ја урниса француската економија. За воведување на данокот, кој е предлог на францускиот економист Габриел Зукман, притиска Социјалистичката партија. Зукман, кој е професор по економија на Париската школа за економија, предложи данок од два процента, кој би им се…
БРАКО донираше апарат за ЕКГ на Интерното одделение во болницата во Велес, на барање на болницата која се обрати до БРАКО за помош за итна неопходна замена на расипано EKГ, како елементарно неопходно за нормално функционирање на болницата и пружање услуги на пациентите. Велешката фабрика веднаш излезе во пресрет и ја набави потребната апаратура, 12-канално EKГ според спецификацијата доставена од здравствената институција. При испораката на ЕКГ-то, во име на БРАКО болницата ја посетија Благој Шалев и Ангел Анѓушев, кои заедо со директорот на болницата Александар Бузалков кусо присуствуваа на обуката на персоналот за користење на новата опрема, како и на…
Во Зрновци денеска официјално започна да се гради Дом за стари лица, прв објект од ваков карактер во источниот дел на Македонија. Станува збор за приватна инвестиција на компанијата „Еко Пак Хит“ од Кочани. Домот ќе располага со површина од 1800 квадратни метри. Во зградата ќе можат да се сместат 64 лица во 32 соби. Во прв момент предвидено е да се вработат 30 лица. Во зависност од потребите, во подоцнежна фаза може да се дојде до бројка од 50 вработени лица.
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12:00 часот на територија на цела држава. Од нив три активни пожари има во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен отпад), во скопското село Виниче, кај месноста викана Муратица (нискостеблеста шума) и во село Батинци, општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума). Изгаснати се пожарите во општина Кочани – село Бали (депонија) и во општина Делчево – депонија Острец (запален…
Зачестените упади во воздушниот простор на источните и југоисточните крила на НАТО од страна на Русија ги поттикна партнерите во алијансата да се потпрат на краткорочно распоредување на турски систем за воздушен надзор, објави ДПА. Обуката за користење на системот ќе биде организирана со помош на Украина, а треба да почне веќе следната недела. Полска и Романија, кои неодамна се соочија со зголемување на упадите на руски беспилотни летала во нивниот воздушен простор, ќе бидат опремени со турскиот систем за воздушен надзор MEROPS. Системот може да се монтира на хеликоптери и беспилотни летала и е способен да открива непријателски цели…
Наша стратешка цел ќе биде се што е почнато и заглавено да го одглавиме и да ја засилиме динамиката на реализација и тоа го правиме. Пуштаме патишта, пруги, капитални инвестиции, меѓу кои е и браната Отиња. Се разбира дека планираме и развој, кој се проектира и очекувам до крајот на оваа година или првата половина на следната година крупните големи проекти да ги завршиме и да почнеме со нови развојни проекти, преку инвестирање во општините токму тоа и го правиме. Генерално тоа се проиоритетие, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во општина Зрновци, каде беше поставен камен-темелник на Дом за стари…
