Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Со еден клик до сите градски услуги: Каја Шукова најавува дигитално Скопје

    Со еден клик до сите градски услуги: Каја Шукова најавува дигитално Скопје

    20.09.2025 во 11:202 Mins Read
    Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градоначалничка на Скопје ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности,“ рече Каја Шукова претставувајќи го планот за концепт за дигитално Скопје.

    Таа потенцира дека визијата е Скопје да стане паметен, поврзан и достапен град за сите граѓани. „Време е Скопје да го направиме град кој се развива со темпото на современиот свет,“ додаде Шукова.

    Во рамки на иницијативата, предвидено е воведување на унифицирана дигитална платформа што ќе ги поврзе сите градски претпријатија, образовни и културни институции. „Со еден клик, лесно за граѓаните ќе бидат достапни сите градски услуги,“ истакна таа.

    Проектот предвидува и портал со отворени податоци и апликација за систем на јавно мислење (Citizens engagement system), како и бесплатен интернет во автобусите, автобуските станици, на плоштадот и во Градскиот парк.

    „Со сензори и апликации имаме решение за паметно паркирање, мерење на квалитет на воздух и бучава, следење и управување со отпад, паметно мерење на проток на вода, мониторинг на инфраструктура, загадување и безбедност во реално време,“ појасни Шукова, нагласувајќи дека тоа ќе придонесе за помалку метеж, помалку загадување, поголема енергетска ефикасност и модерни дигитални услуги достапни за сите.

    Посебен фокус е ставен на младите, кои ќе имаат можност да креираат сопствени апликации и АИ-алатки преку новата платформа. „Со тоа ги вклучуваме младите во градењето на дигиталното Скопје,“ рече Шукова, додавајќи: „Ова не е технологија заради технологија, ова е визија за поквалитетен живот, транспарентно управување и иновативен град што расте со своите граѓани.“

    „Скопје ќе биде подготвено за иднината – дигитално, паметно и хумано,“ заклучи Шукова.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.