- Официјални детали од Сеизмолошката опсерваторија: Познат е интензитетот на попладневниот земјотрес во Скопје
- Ѓорѓиевски по средбата со Мицкоски: Со силна владина поддршка почнуваме капитални проекти за развој на Скопје
- Министерството за транспорт ги објави понудите за автобусите: Нема криминал од 12 милиони евра, СДСМ да се извини или оди на суд
- Силен земјотрес го стресе Скопје
- ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за автобусите: Документот на СДСМ е тежок фалсификат и глупост
- (ВИДЕО) Николоски најави крупни реформи: Со законски измени ќе се стимулира изградбата на големи Дата центри во Македонија
- Трагедија го потресе регионот: Почина седумгодишното момче кое беше прегазено од БМВ
- Апсења во Скопје: Приведени три лица
Author: Author 03
Во досегашната кампања можевте убаво да видите што нудиме, за што се залагаме и кои се нашите приоритети за кои се бориме. И дека најважна од се ни е таа нераскинлива врска со народот и граѓаните од кои ја црпиме сета наша сила, порача на народниот митинг во Гостивар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. -Нашата моќ не ја темелиме на бизниси, тендери, договори во 4 очи како нашите противници туку наверба заснована на народот и неговите уверувања, надежи и сила и нормално нашата работа. И можам да кажам дека јасно е видлива разликата која постои помеѓу нас кои…
Дафина Стојаноска, членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, се обрати на митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Гостивар. – Иако се работи за локлани избори пред година и половина со вас ги сработивме последните парламентарни на кои се достигна рекордот во освоени гласови, а после кои кажав дека таа бројка треба максимално да се испочитува и одговорно да се зафатиме со работа. Со вас заедно сме поминале бројни избори наназад и знаеме што значи добар изборен резултат и што значи победа за ВМРО-ДПМНЕ во овие краишта. Во Гостивар ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на чело со претседателот…
Ангела Меркел во едно интервју изјави дека Полска и балтичките земји ги блокирале разговорите на ЕУ со Владимир Путин пред војната во Украина. Следеа остри критики од тие земји. Поддршката дојде од Москва, анализира ДВ. Иако зборува од политичка пензија, многумина сè уште внимателно ја слушаат Ангела Меркел. Особено кога станува збор за позадината на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Меркел, која беше канцелар до декември 2021 година, значително ја обликуваше европската политика кон Русија.Во интервју за унгарскиот медиум „Партизан“, Меркел зборуваше за периодот пред војната. За тоа како коронавирусот наводно го отежнал контактот со Владимир Путин. И…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имаше можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства ништо друго не испорачаа додека беа власт, а и запраша за кој дом за борат, затоа што очигледно беше дека пред неколку месеци уживаа на Халкидики во раскош. -Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се…
На 06.10.2025 во 11:30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.10.2025 околу 11:45 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг И.Ј.(34) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.10.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, А.Г.(19) од Кавадарци пријави дека околу 16:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода, едно лице од ранецот и го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје, информира дека во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот. -Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода, информираат од Обвинителство. На лице место, покрај претставниците од МВР и…
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга даде завршни зборови во случајот со незаконското поставување директор во основното училиште „Зини Хани“, предмет во кој се води постапка и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во тоа училиште, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа. Тој смета дека Егзона не треба да биде обвинета, бидејќи, според него, таа како апсолвент правела жртва да помогне во процесот на образованието и децата да не останат без професор по француски јазик. – Јас чуствувам должност, ако треба јас ќе сносам секаква одговорност,…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку…
Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, денеска гостуваше во дебатната емисија Директно на телевизија Телма кадешто прво се осврна на инфраструктурните решенија кои тој ги нуди за општина Струмица, а во насока на подобра мобилност на граѓаните, како и решавањето на проблемот со паркингот во централното градско подрачје на Струмица. „Доизградба на булеварско решение на Булеварот Климент Охридски од потегот кај Жито Струмица до улицата Ѓорѓи Василев, тоа ќе го реализираме преку Јавното претпријатије за државни патишта,најголем дел во централното подрачје имаме проблем со паркинг просторот, затоа е предвидено отворање на нови паркинг…
