- Официјални детали од Сеизмолошката опсерваторија: Познат е интензитетот на попладневниот земјотрес во Скопје
- Ѓорѓиевски по средбата со Мицкоски: Со силна владина поддршка почнуваме капитални проекти за развој на Скопје
- Министерството за транспорт ги објави понудите за автобусите: Нема криминал од 12 милиони евра, СДСМ да се извини или оди на суд
- Силен земјотрес го стресе Скопје
- ВМРО-ДПМНЕ со реакција на обвинувањата за автобусите: Документот на СДСМ е тежок фалсификат и глупост
- (ВИДЕО) Николоски најави крупни реформи: Со законски измени ќе се стимулира изградбата на големи Дата центри во Македонија
- Трагедија го потресе регионот: Почина седумгодишното момче кое беше прегазено од БМВ
- Апсења во Скопје: Приведени три лица
Author: Author 03
Ирис Шталцер (57), новоизбраната градоначалничка на градот Хередеке во индустрискиот регион Рур, е во животна опасност откако беше нападната и избодена повеќе пати пред нејзиниот дом , објавија германските медиуми Билд , Велт , Фокус и т-онлајн . Сталцер, членка на Германската Социјалдемократска партија (СПД) , беше пронајдена во неделата вечерта од нејзиниот син во нивниот стан, каде што успеа да се врати дома сериозно повредена. Според првичните извештаи, таа добила најмалку 13 убодни рани во стомакот и градите. Напаѓачите – неколку мажи , според сведоци – сè уште се бараат. Локалната полиција во Хаген најави голема операција и „ring-fahndung“ (претрес) , но засега нема апсења, а мотивот за нападот останува нејасен. Се истражуваат неколку можни верзии, вклучувајќи и обид за атентат…
Онер Јакупоски, кандидат за градоначалник за општина „Маврово-Ростуше“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и потенцираше дека време е да се врати надежта во општина Маврово-Ростуше и да стане општина која ќе биде сервис на граѓаните, каде младите ќе ја градат својата иднина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. „Денес стојам пред вас со јасна цел, да ја промениме нашата општина, да ја прекинеме летаргијата и апатијата, од нефункционална општина да направиме општина што ќе…
Во јавноста се објавени снимки од камерите за видео-надзор кои го документираат инцидентот со пукање во Куманово, јавува ТВ21. Според објавеното видео, лицето кое пукаше и побегна од местото на настанот го направи тоа за само шест секунди. Снимките покажуваат брзина и решителност во дејството, а истрагата продолжува за да се утврдат сите околности околу случајот. Полицијата ги користи материјалите од камерите за да го идентификува сторителот и да обезбеди одговорност за насилниот чин. ВИДЕОТО може да го погледнете тука
Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Сабри Азири, на прес-конференција уште еднаш ја отслика кариерата на кандидатот на НАИ за општина Чаир, Бујар Османи, набројувајќи ги неговите лаги и изедначувајќи ја неговата деценија на политичко дејствување со нула. “На претходната прес-конференција укажавме дека Бујар Османи поминал 3.672 дена на власт, повеќе од десет години на министерски функции. Како министер за здравство за Чаир остави зад себе само еден срам кој го следи и ден-денес – познатиот случај „Пациент“. Денеска пред вас ја презентираме целосната слика од неговата кариера. За Чаир и за Албанците, оваа негова деценија…
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити попладнево на прес-конференција информира дека Владата еднострано го раскинала договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот Лавинчеви во атарот на селото Страчинци во Општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје. Меџити соопшти дека одлуката е донесена поради сериозни пропусти. -Концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто според договорот, односно 25.000 тони годишно, во 2022 година биле ископани само 277 тони, во 2023 година нема активност, а во 2024 година само 187 тони. Активностите биле често прекинувани и не се почитувани законските обврски. Исто…
Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности. -Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности…
На 06.10.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја приведоа Ј.С.Т.(39) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Пролетерски бригади“ во Кичево го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон случајните минувачи. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени ѝ се 2,48 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.10.2025 во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на едно средно училиште во Кичево, 17 – годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15 годишен ученик во истото училиште и му нанеле телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево. Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
На 06.10.2025 во ОВР Струга е пријавено дека во 20:00 часот во угостителски објект во струшкото село Октиси е нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.С. врз М.Д.(50), двајцата од истото село. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.10.2025 во 07:20 часот во СВР Охрид, Н.М.(46) од Охрид пријави дека настанал пожар во неговото возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
