Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Азири жестоко против Османи: Деценија на власт – нула за Чаир, сè за лична кариера

    Азири жестоко против Османи: Деценија на власт – нула за Чаир, сè за лична кариера

    07.10.2025 во 17:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН за општина Чаир, Сабри Азири, на прес-конференција уште еднаш ја отслика кариерата на кандидатот на НАИ за општина Чаир, Бујар Османи, набројувајќи ги неговите лаги и изедначувајќи ја неговата деценија на политичко дејствување со нула.

    “На претходната прес-конференција укажавме дека Бујар Османи поминал 3.672 дена на власт, повеќе од десет години на министерски функции. Како министер за здравство за Чаир остави зад себе само еден срам кој го следи и ден-денес – познатиот случај „Пациент“. Денеска пред вас ја презентираме целосната слика од неговата кариера. За Чаир и за Албанците, оваа негова деценија значеше само НУЛА“, рече Азири, додавајќи дека за време на целата кариера на Османи, Чаир доби само една голема нула.

    “Во периодот кога беше вицепремиер за европски прашања и координатор на ИПА фондовите, цели 1.187 дена, тој имаше во раце стотици милиони евра од Европската Унија. А кој е резултатот? Само една голема нула. Чаир не доби ниту еден денар, ниту еден проект, ниту една инвестиција. Наместо фондови, доби семинари без ефект, извештаи без тежина и прес-конференции за пропаганда“, оцени Азири, кој понатаму го праша Османи зошто лажеше за средбата со Груевски, за фондовите од ЕУ и за празните ветувања што ги дава. Овој е Бујар Османи: – Лажеше кога тврдеше дека не се сретнал со Никола Груевски, а беше фатен на дело.

    – Лажеше кога тврдеше дека европските фондови стигнуваат до граѓаните, а извештаите на Европската комисија покажуваа спротивното.

    – Лаже и денес, ветувајќи „Task force (т.н работна група) за Чаир“, иако цели три години ја имаше ИПА во свои раце и не донесе ништо.

    Понатаму, Азири изјави дека Османи прави сè за својата кариера и за политички пазари, а ништо за Чаир, додавајќи и тоа дека со какво лице излегува Бујар Османи да ветува проекти за Чаир, кога ги имаше сите можности, а избра да не направи ништо?

    “Овој е неговиот биланс: НУЛА за Чаир, сè за сопствената кариера и за пазарите на ДУИ. Деценија на власт сведена на јасен модел, предавство кон Албанците и безобразна измама кон чаирчани. Затоа, дилемата на граѓаните на Чаир денес е едноставна: Со кое лице Бујар Османи излегува да ветува проекти за Чаир, кога ги имаше сите можности и одбра да не направи ништо Чаирци не забораваат. Тие точно знаат кој ги користел само за гласови и кој се појавува само пред избори. На 19 октомври, Чаир нема да избира само градоначалник. Чаир ќе стави крај на поглавјето на измамата што го носи името Бујар Османи“, истакна за крај Азири.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.