Author: Author 03

На 06.10.2025 во 13:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на училишен центар во Охрид, тројца малолетници физички нападнале нивен соученик и му нанеле телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења. Присутни лица…

Повеќе

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Се случува тотален распад на безбедносниот систем и фијаско на министерот Панче Тошковски, реагираат попладнево од СДСМ по денешниот инцидент во Куманово во кој е застрелан доктор. „СДСМ бара од надлежните институци веднаш да го растчистат случајот и да ја информираат јавноста. Бараме и политичка одговорност од Панче Тошковски. Ова што се случува во континуитет е за секаква осуда и недозволиво. Македонските улици се претворија во Див Запад. Престрелките се секојдневие, граѓаните не се чувствуваат безбедни.…

Повеќе

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животно-загрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација, велат од МЗ. Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти. Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни…

Повеќе

Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини, велат од Вреди во писмено соопштение испратено до медиумите.„Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот.Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички…

Повеќе

Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега, велат од ДУИ по денешната престрелка во Куманово. „Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој атентат. Им упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто…

Повеќе

Точно е дека постои пресуда на Управен суд со која е поништена верификацијата на мандатите на делегатите на сегашниот состав во Комората, се наведува во денешното соопштение на Стоматолошката комора. -Стоматолошкатa комора на Македонија ја доби денеска, пред некој час, и за почеток знаеме само дека согласно пресудата потребно е Комората, односно Верфикационата комисија следејќи ги напатствијаита на Судот да донесе одлука односно пресудата ја враќа постапката назад на повторно одлучување на телата на Комората. Комората, секако, уште веднаш ќе ги започне законски определените дејствија почитувајќи ја пресудата на судот. Загрижените колеги би требало сериозно да размислат за нивните постапки…

Повеќе

„Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно Лисиче, Горно Лисиче и населба Лисиче“, изјави кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески. Решаваме еден децениски проблем, проблем којшто не значи само затоплување на домаќинствата, туку и намалување на загадувањето на воздухот во зимскиот период. Градиме инфраструктура согласно потребите на граѓаните, дополни Митески.

Повеќе

Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони на која со стручната фела се разгледани предлози, мислења и препораки за да се дојде до најдобрите решенија. Ресорниот министер Азир Алиу рече дека станува збор за најобемната реформа на законските прописи во здравството досега. – Овој процес го започнавме во рамки…

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против М.Ч.(58), Ш.Ч.(22), О.Ч.(23) и Б.М.(35), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „насилство“. На 06.08.2025 во Скопје, пријавените влегле во дворот на Д.Е.(58), каде биле и неговите синови О.Е.(26) и М.Е.(18) од Скопје, физички ги нападнале, при што првопријавениот од пиштол испукал неколку куршуми кон О.Е. и му нанел тешки телесни повреди.

Повеќе