Author: Author 03

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Александар Николоски, на вечерашниот митинг во општина Могила најави нов бран на инфраструктурни инвестиции. -Во текот на овој месец, доколку временските услови дозволат, започнуваме со целосна реконструкција на улица АСНОМ во должина од 420 метри, инвестиција вредна 170 илјади евра, истакна Николоски. Тој посочи дека веќе се во тек активности за подобрување на водоснабдувањето во неколку населени места – Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадјевци, Лозанци и Новоселани – кои ќе бидат приклучени на регионалниот водовод Битола, инвестиција вредна 18 милиони денари. Дополнително, потпишани се договори за изградба и реконструкција на повеќе улици…

Повеќе

Денес во организација на Сојуз на Економисти на Македонија во партнерство со Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и Балканската асоцијација на економисти во применета економија, беше организирана меѓународната конференција на тема: „Применети економски истражувања: пат кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“. Меѓународната конференција започна со воведни говори на Проф. д-р Борче Треновски, претседател на Сојузот на економисти на Македонија, Проф. д-р Ирај Хаши, претставник на Балканскиот сојуз на економисти во применета економија и Проф. д-р Мијалче Санта, декан на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ. Времињата на кризи се повик за економска мобилизација и колективна акција…

Повеќе

Еден граѓанин и двајца спасувачи загинаа за време на обилните дождови во бугарското одморалиште Елените на Црното Море, објави денес бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов. Тој понатаму изјави дека лицето кое починало било во соба на приземјето од неговата куќа кога пристигнал првиот голем бран. „Ова е голема катастрофа во која мора да преземеме сите потребни мерки за надминување на последиците“, нагласи Митов, пренесе бугарската агенција „БТА“ Митов ги повика луѓето да „не се спротивставуваат и да се евакуираат“, истакнувајќи дека нема точен број на оние кои сè уште не се евакуирани. „Во моментов нема кризни точки на…

Повеќе

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изрази мислење дека по повод одбележувањето на 35-годишнината од повторното обединување на Германија, било посоодветно како почесен гостин да биде поканет претставник од Источна Европа или од поранешна Источна Германија, наместо францускиот претседател Емануел Макрон. Иако истакна дека нема забелешки на говорите на актуелниот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Бундесратот Анке Релингер, Меркел додаде дека симболиката на настанот барала поголема поврзаност со искуствата на луѓето од Истокот. „Колку и да го почитувам претседателот Макрон, можеби некој од Источна Европа или Источна Германија можеше да биде избран за гостин-говорник“, изјави Меркел. Според западни медиуми, изјавата…

Повеќе

Суд во Тунис осуди 56-годишен маж на смрт поради објави на социјалните мрежи во кои го критикува претседателот Каис Саид, пресуда без преседан што предизвика јавен шок и осуда. Шефот на Туниската лига за човекови права и адвокатот на осудениот ја потврдија веста во петок, објави Ројтерс. Осудениот, Сабер Чушан, надневен работник со ограничено образование, беше уапсен минатата година поради објави на Фејсбук во кои го критикуваше претседателот. „Судија во судот во Набел осуди човек на смрт поради објави на Фејсбук. Тоа е шокантна и без преседан пресуда“, изјави неговиот адвокат Усама Бутаља за Ројтерс, додавајќи дека пресудата е обжалена.…

Повеќе

Со изминување на вториот ден од прекинот на работата на федералната влада, американската политичка сцена е заробена во ќорсокак, со длабоки разлики помеѓу демократите и републиканците околу буџетските приоритети. Претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи ја изрази својата решеност дека моменталната ситуација претставува „непозната можност“ за „чистење на мртви гранки“. Тој најави дека ќе разгледа кои „демократски агенции“ треба да бидат скратени, оставајќи отворена можност за значителни резови во федералната администрација. Од друга страна, демократските лидери, предводени од Хаким Џефрис, тврдат дека заканите за масовни отпуштања нема да ги натераат да попуштат. Тие инсистираат на решавање на суштинските прашања веднаш:…

Повеќе

Поради анонимна закана за пристигнување на дронови, полицијата интервенира на аеродромот Вацлав Хавел во Прага. Беше објавено дека работењето на аеродромот не е ограничено, изјави портпаролката на аеродромот Дениса Хејтманкова за ЧТК. Доколку заканата се потврди, полицијата е веднаш подготвена да го затвори воздушниот простор околу аеродромот, како и пристапните патишта. Голем број полицајци беа вклучени во обемната безбедносна операција, а тие соработуваат и со војската. Снајперисти беа распоредени и на нивните позиции, објави полицијата на мрежата X. Беше нагласено дека заканата не е потврдена и дека мерката е чисто превентивна. „Ја оценуваме релевантноста на информациите и сите преземени мерки,…

Повеќе

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се „многу строги“ кога станува збор за телефоните на нивните деца. Принцот од Велс откри во серијата на Apple TV+ „The Reluctant Traveler“ дека нивните три деца, принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7), немаат телефони, објави People.com. Тој, исто така, нагласи дека семејното време заедно на масата им е многу важно. „Значи, седиме и разговараме, тоа е многу важно. Ниедно од нашите деца нема телефони, за што сме многу строги“, рече Вилијам. Кога го прашале со што си играат децата, тој рекол дека принцот Луис и принцезата Шарлот се големи обожаватели…

Повеќе

Во голема акција против организираниот криминал и шверцот со цигари, во Црна Гора беа уапсени поранешниот полицаец Драго Спичановиќ и бизнисменот Александар Мијајловиќ, јави подгоричкиот портал „Дан“. Покрај нив, приведени се и поранешниот полицаец Милован Павиќевиќ, актуелниот полицаец Владан Лазовиќ и обвинителката Андријана Настиќ. Апсењата се дел од една од најголемите операции на Специјалното државно обвинителство (SDT) и Специјалното полициско одделение (SPO). SDT ги сомничи осомничените за создавање криминална организација. Во моментов, службеници на СЈО вршат претрес во станот на Павиќевиќ, кој е обвинет и за злоупотреба на службена должност. Истражната постапка ја води обвинителот на СДТ, Јован Вукотиќ. Во…

Повеќе

КАМ, македонскиот број еден, годинава одбележува три децении јубилеј и влегува во ново поглавје од својата успешна македонска приказна заснована на квалитет и доверба. Пионер во многу сегменти во полето на малопродажбата, компанијата е позната по грижата за секој потрошувач и по тоа што ги донесе ниските цени на пазарот. – Годишнината не е само празнување на минатото, туку и ветување за иднината. Три децении сме покрај нашите потрошувачи и заедно ја пишуваме оваа успешна приказна. Нивната доверба е нашата најголема награда и нашата најголема одговорност. Затоа и во иднина ќе останеме посветени на истата мисија – редовно ниски цени,…

Повеќе