Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

    Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем

    06.10.2025 во 15:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на тие 12 закони на која со стручната фела се разгледани предлози, мислења и препораки за да се дојде до најдобрите решенија.

    Ресорниот министер Азир Алиу рече дека станува збор за најобемната реформа на законските прописи во здравството досега.

    – Овој процес го започнавме во рамки на Министерството со работни групи за измени и дополнувања на 12 законски решенија, кои директно се однесуваат на здравствениот систем. Само преку транспарентност и отворена дискусија можеме да дојдеме до најдобрите решенија. Целта е подобрена законска рамка која ќе биде гаранција за поквалитетни услуги, фер пристап и поголема сигурност за пациентите. Идејата е да бидат синхронизирани сите 12 закони со цел да може процесите во здравствениот систем да не се кочат, истакна Алиу.

    Станува збор за системско преосмислување на 12 закони во различни области – од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина.

    – Со овие закони целиме кон здравствен систем што е стабилен, поврзан и предвидлив. Систем во кој секој податок, секоја постапка и секоја одлука ќе има место, логика и одговорност, рече Алиу и ги повика сите чинители активно да се вклучат во овие процеси со цел заедно да ја подобрат легислативата, а со тоа и состојбите во здравствениот систем.

    Стручната и јавна расправа ги опфаќа измените и унапредувањата на законите за евиденции во областа на здравството, за здравствената заштита, за здравственото осигурување, за лекови, за медицински средства, за јавно здравје, за заштита на населението од заразни болести, за заштита од пушењето, за биомедицински потпомогнато оплодување, за комплементарна и алтернативна медицина, за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, за санитарна и здравствена инспекција.

    Одговарајќи на новинарско прашање Алиу рече дека не случајно се отворени овие 12 закони.

    – Прво имаме моменти кои не се предвидени во законската рамка и второ имаме моменти кога едниот закон предвидува нешто, а вториот предвидува друг тип или проток на процеси. Идејата е да бидат синхронизирани сите 12 закони со цел да може процесите во здравствениот систем да не се кочат. Понекогаш и законски се кочат. Овие 12 закони не се нови, туку ќе бидат обработени и адаптирани да бидат синхронизирани еден со друг. Се уште отворен е процесот и кога ќе заврши ќе имаме уште една јавна дебата на која ќе ги презентираме законските измени, додаде Алиу

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.