Author: Author 03

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром. „Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче. Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати. „Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, на денешната трибина ги презентираше своите планови за целосна трансформација на општината, од чиста и зелена средина, дигитализирано образование до воведување локален сервис за парамедицинска помош. „Заслужуваме чиста и зелена општина во која достоинствено ќе живееме!“, порача Трајановски, најавувајќи реформа на комуналните служби со зголемување на плати, нова опрема и редовно миење улици. „Аеродром мора темелно да се исчисти. Нема човек кој не се согласува со ова.“ Трајановски потенцира дека „вечерва ставаме крај на едно крајно недомаќинско и неодговорно управување со Општина Аеродром“. Тој истакна дека ќе стави крај на „жолтите…

Повеќе

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна помеѓу Левица и ДУИ којашто е многу опасна. Мицкоски посочи дека во минатото ги видовме активистите и членовите на оваа политичка партија Левица како дел од така наречената Шарена револуција кога уништуваа, фарбаа, палеа државен имот, кога уриваа држава. „На отворена сцена гледаме како има една непринципиелна коалиција која мораме да ја изнесеме на чистина. Тоа е коалиција којашто ја направија ДУИ и политичката партија Левица, тоа е коалицијата која ја направија Али Ахмети и Димче Апасиев. Оваа коалиција е…

Повеќе

Во тема на денот, гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја промовираше својата програма и изнесе неколку решенија за проблемите кои карпошани ги имаат посочено во анкета која тој ја има спроведено.Тој истакна дека прво што ќе направи ќе биде стоп на бетонизацијата без план и без визија.„Ги детектиравме носечките проблеми на карпошани. На прво место е популарно бетонизацијата, која им пречи на луѓето, затоа што досега било пракса да никнуваат насекаде нови станбени единици“, нагласи Лукровски. Тој најави ревизија на сите дупови и создавање на ново јавно претпријатие Карпош план кое ќе се занимава со…

Повеќе

За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Кисела Вода. „Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој нема што друго да каже. Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт“, рече Филипче. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фалеа со инвестициите на СДСМ, отвораа патишта кои беа веќе завршени. „Прашањето е едноставно- може ли…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Зрновци, меѓу другото, порача дека работите на политичката сцена во Македонија се јасни, дека опонентите преку измама сакаат да доберат до фотелјите, кои наместо за проекти и план, зборуваат со омраза и се служат со интриги. Мицкоски посочи дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче се служи со истите лаги со кои се служеше неговиот претходник, Зоран Заев кој на времето ветуваше живот за сите, а Филипче сега ветува среќен живот. „Ги слушам вчера изјавите на претседателот на СДСМ, каде ветува среќен живот. Тој пред него ветуваше живот, сега овој…

Повеќе

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на „Само интервју“, Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. Најпрво, по изборите, ќе се спојат Кардиологија и Кардиохиругија, а потоа и останатите меѓусебно сродни и природно поврзани клиники. Според него, малку операции има на Кардиохирургија поради гапот на барања и недостиг на кадар. Затоа, рече, прв пат е потпишан Меморандум за соработка со приватните…

Повеќе

Поради загриженост од прекумерна понуда, цените на нафтата денеска паднаа четврти пат по ред, на најниско ниво во последните четири месеци, и тоа Брент на 64,6 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) на околу 61 долар за барел. Се очекува дека Организацијата на земјите извознички нафта ОПЕК+ би можела да одобри зголемување на производството во ноември до 500.000 барели дневно, што е трипати повеќе од зголемувањето во октомври, додека Саудиска Арабија настојува да ја поврати пазарната квота, пренесе „Трејдинг Економикс“ (Trading Economics). Се појавуваат знаци на прекумерна понуда, со раст на залихите на сурова нафта…

Повеќе

Овие избори се повеќе од еднставна одлука, тие се избор како и каде треба да се движи државата, порача од митингот во Општина Зрновци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова се избори за тоа како сакате да се развива општината. На овие избори одлучуваме за микро светот во кој израснавме, во кој се гради карактерот на секој еден од нас. Знам дека понекогаш изгледа тешко, знам дека понекогаш мислите дали се ова воопшто вреди, но верувајте секој ваш глас, секоја ваша борба, секој ваш ден е дел од една голема приказна што ние заедно ја пишуваме за нашата татковина Македонија,…

Повеќе

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кисела Вода, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата. „Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно ќе беше трагично. Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници“, рече Филипче. Во обраќањето пред граѓаните, Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски…

Повеќе