Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

    Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

    02.10.2025 во 19:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кисела Вода, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.

    „Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно ќе беше трагично.  Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници“, рече Филипче.

    Во обраќањето пред граѓаните, Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски има најголем број кривични пријави, а зградата на ВМРО-ДПМНЕ е изградена со народни пари.

    „Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот. Мицкоски седи на столче во партијата кое од криминал купено ама тој е против криминалот“, рече Филипче.

    Тој ја обвини опозицијата за расипничко трошење на јавни средства и партизирано користење на институциите:

    „Да ве потсетам: со народни пари си ја платија фирмата што ја работи нивната кампања.  На митинзи одат со службени возила, менито во владата веќе го знаете сите“, истакна.

    Како што кажа Филипче, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледнат во своиете редови. 

    „Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите никого не може да заплашуваат. Нека си погледнат во своите редови.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.