Author: Author 03

Во недела, 26 октомври 2025 година, во 3:00 часот наутро, ќе ги поместиме часовниците еден час назад на 2:00 часот наутро. Потоа ќе спиеме еден час, но деновите ќе бидат пократки односно ќе се стемнува порано. Поместувањето на часовникот произлегува од желбата за подобро искористување на дневната светлина, особено во летните месеци. Намерата беше да се намали потрошувачката на енергија, но современите истражувања покажуваат дека овие заштеди се минимални. И покрај ова, часовниците сè уште се поместуваат напред во повеќето земји од Европската Унија. Во 2018 година, Европската Унија предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, но земјите-членки не…

Повеќе

Дарко покажа што значи чесност, одговорност и вистинска посветеност. Покажа дека кога се работи со срце, се гледа разлика. Дарко е вистинскиот избор за Бутел, а резултатите се тука, порача Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, од митингот во Бутел. Тој пред големиот број насобрани граѓани наброја дел од проектите кои беа реализирани изминатиов период во општината. -Ново корито на реката Серава со трим патека, ново основно училиште во Визбегово, нова градинка во Бутел 1, изградба на градинка која е при крај во Бутел 2, нов плоштад, парк од 10.000 метри квадратни во Радишани, 5 нови спортски…

Повеќе

На денешниот народен митинг во Шуто Оризари во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Шуто Оризари ќе стане пристојно место за живеење, ќе се решаваат инфраструктурни проекти каде граѓаните ќе имаат квалитетен живот. „Многу ми е драго што сум тука, во Шуто Оризари – место со многу проблеми, но со големо срце и душа. Долго време оваа општина беше ставана на маргините. Предолго време беше поттурнувана на страна, беше газено достоинството и честа на…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност. „Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е…

Повеќе

Поминавме години под стегите на апатијата во Скопје. Години во кои ни велеа дека ништо не може да се смени, дека мора да се помириме со сивилото, со негрижата, со заборавот. Некои општини, некои наши сограѓани беа целосно избришани од мапата на развојот на Скопје. Една од нив беше и нашето Шуто Оризари. Никој со години овде не инвестираше ништо, порача Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје. -Јас вечерва сум тука да кажам дека е доста, дека конечно доаѓа крајот на заборавот. Времето на работа, на чесност и на проекти се враќа на голема врата овде во Шуто…

Повеќе

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Шуто Оризари се обрати кандидатот за градоначалник Ерџан Демир. -Дозволете ми да ви се заблагодарам за донесената одлука после 29 години постоење на локлна самоуправа Шуто Оризари за прв пат ВМРО-ДПМНЕ да настапува со свој кандидат за градоначалник. Ви благодариме, рече Ерџан. Тој потенцира дека ја прифатил оваа кандидатура од две причини и тоа: Првата причина е затоа што јас сум роден тука во Шито Оризари, сум израснал, учев во оваа градинка, тука живеам, тука работам и се што имам е тука во Шуто Оризари, друго место јас немам. Втората причина…

Повеќе

Во рамките на претставувањето на вториот столб од неговата изборна програма “Образование“, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра, поддржан од Владата, се вели во соопштението од ПР тимот на Меџити, што МИА го пренесува интегрално. “За ваша информација, вчера Министерството за транспорт ја издаде дозволата за подготвителните работи за Универзитетот “Маjка Тереза“, што значи дека од вчера започнува реализацијата на проектот“, истакна Меџити. Тој додаде дека сите образовни проекти за новите објекти се предвидени во Деталниот урбанистички…

Повеќе

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. тој се осврна на темата за правдата во државата, а го потенцираше правосудниот систем кој според него, треба да биде непристрасен, да има судии кои судат според законот, процедури кои ќе ја вратат довербата, а додаде и дека правдата не смее да биде привилегија на малкумина. Како што вели Мицкоски, постојат кочници кои се вградени во институциите на државата и функционираат како…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами одржа прес-конференција на која се осврна на реализираните проектите во областа на образованието, како и плановите доколку добие втор мандат. -Како градоначалник на Општина Тетово, посветив посебно внимание на образованието, кое беше запоставено, политизирано и без никакви инфраструктурни инвестиции. За прв пат по повеќе од 20 години, во Тетово се гради училиште. Го градиме објектот на Средното текстилно училиште и Гимназијата „7 март“, објект со современи наставни простории, лаборатории, кабинети и помошни простории, со што се обезбедуваат високи инфраструктурни стандарди. За овие две училишта инвестираме околу пет милиони евра, делумно со финансиска поддршка од…

Повеќе

Јане Мицевски, кандидат за градоначалник за општина „Сопиште“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека заедно со неговиот тим, програмата со проекти соодветна за општина Сопиште е веќе подготвена, и дека инфраструктурата, спортот, образованието и безбедноста ќе бидат области на кои активно ќе се работи како и решавањето на проблемот за ненавремениот автобуски превоз. „Резултатите се неминовни кога се работи за структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заедно со мојот тим, заедно со веќе отпочнатиот тек на проекти…

Повеќе