- Кривична пријава за даночно затајување: Буџетот оштетен за над 7,4 милиони денари
- Сиљановска-Давкова со воени почести пречекана во Словенија, се сретна со Пирц Мусар
- (ВИДЕО) Спасовски: Поднесовме предлог-измени, членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство
- Мечка усмртила десет овци во тетовско село
- Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата
- Италија воведе платено отсуство за болни миленици
- Нов систем за паркирање во Центар: Картичките ќе се издаваат по станбена единица, второто возило ќе чини 500 денари
- Македонија ја зафаќа бран на нестабилно време проследено со поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер
Author: Author 03
Највозрасната кандидатка за советник на претстојните избори е 97-годишната Цветанка Велјанова, која настапува од редовите на политичката партија Македонска акција – Конзервативна партија (МААК). Веднаш по неа според возраста е Кирил Добрушевски, исто така кандидат на МААК, кој има 81 година
И попладнево вистински хаос со сообраќајот во главниот град. Големи гужви и долги редици на возила ги исполнија скопските улици. Некои велат дека веќе еден час седат во возило и не можат да пристигнат во домовите. Особена гужва има пред Водњанска, не работат ниту семафорите, ниту полициски службеници го контролираат сообраќајот. Ова е трет ден како граѓаните не можат да си стигнаат во своите домови. Не возат ниту голем дел од таксистите. Да си најдете такси на ова време е вистински предизвик. Граѓаните велат дека нема достапни возила кај сите такси компании. Ова не е се, во недела подобро излезете…
Квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни за носењето кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци што го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет, а во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика, порача денеска гувернерот Трајко Славески во своето воведно излагање на годишната конференција „Применети економски истражувања: патот кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ што ја организира Балканската асоцијација…
Сојузот на стопански комори формира четири нови групации: за енергетика, рударство и минерални суровини, за пожарна заштита и кризен менаџмент, за игри на среќа и за стартап компании. Како што информира ССК, групациите се формирани по барање на членките, но и поради потребата на бизнис секторот. Во Сојузот денеска се одржа првата седница на Управниот одбор во нов состав со преседателот Горан Ѓорѓиевски, на која се донесоа повеќе одлуки со кои се зајакнуваат структурите со избор на потпреседател во ССК и преседател на Управниот одбор, како и комисии кои овозможуваат подобрено функционирање на институцијата. -Формирањето на новиот Управен одбор во…
Бобан Стефковски, актуелен градоначалник на општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник говореше во дебатната емисија Диркетно, на телевизија Телма. Тој се осврна на проблемот со депонијата Вардариште и истакна дека прв предуслов е да почне да се третира депонијата со конкретен проект.„Ние како одговорна локална самоуправа иако надлежноста на оваа депонија е на Град Скопје веќе преземавме низа конкретни чекори. Еден детален урбанистички план е веќе донесен, два се во постапка на носење. Вкупната површина на депонијата Вардариште опфаќа три блока, односно три детални урбанистички планови. Првиот што е донесен, донесен со намена Д3 -…
Хроничниот стрес може да произлезе од различни причини: интензивна работа, семејни конфликти, финансиски тешкотии, болести и многу други фактори. Физиолошки, продолжената изложеност на стрес доведува до зголемено ниво на кортизол, хормонот на стрес, кој во големи количини има разорни ефекти врз телото: може да предизвика кардиоваскуларни проблеми, ослабена имунолошка функција, метаболички нарушувања, депресија и анксиозни нарушувања. „Ова е состојба која се карактеризира со продолжена изложеност на стресори, што може да има сериозно влијание врз менталното и физичкото здравје на една личност. За разлика од акутниот стрес, кој се јавува како одговор на специфични околности и брзо се смирува, хроничниот стрес…
Секој од нас се сеќава на детството поминато во дворови, по ливади или под сенка на дрвја. Тоа не било само игра, туку и неосвестена терапија, мирисот на тревата, звукот на реката или тишината на планината секогаш го смируваа умот. Денес, кога се соочуваме со стрес и несоница, токму природата ја има наједноставната формула за лекување. Науката одамна докажала дека само 20 минути во зелена средина го намалуваат нивото на кортизол, кој е познат како хормонот на стрес. Но она што не може да се измери со бројки е чувството на повторно поврзување со себе. Во шумата, крај езеро или на…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната седница на 22-от годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Сочи чија тема годинава е „Полицентричен свет: Водич за корисници“. „Живееме во период на брзи и радикални промени. Не можеме да ја предвидиме иднината, но мора да бидеме подготвени за сè. Одговорноста на секого во таков период од историјата е исклучително голема“, го започна својот говор Путин. Како што истакна, потешко е да се воспостави и пронајде рамнотежа. „Никој од нас не е оставен да ја предвиди иднината. Но, тоа не нè ослободува од обврската да бидеме подготвени за сè што…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во врска со терористичкиот напад врз синагогата во Манчестер во кој беа убиени три лица, денеска изјави дека слабиот одговор на тероризмот само ќе ги охрабри терористите. – Израел тагува со еврејската заедница во Велика Британија по варварскиот терористички напад во Манчестер. Како што предупредив во ОН: Слабоста пред тероризмот носи само повеќе тероризам. Само силата и единството можат да го победат, напиша Нетанјаху на X. Тој додаде дека се моли за брзо закрепнување на повредените и оти „нашите срца се со семејствата на убиените“.
Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на бул.”Партизански Одреди” во Скопје на која гледа како се движи патничко возило голф со скопски регистарски ознаки при што на кровот од возилото се превезува лице кое ја загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје пронајдено е возилото, лицето кое го управувало С.Ф. и лицето кое се превезува на кровот од возилото А.И, информира Министерството за внатрешни работи. За А.И. преземена е мерка по чл.165 став 2 од Законот за безбедност на патиштата. Од извршената проверка утврдено…
