Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

    Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

    08.10.2025 во 18:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, денес се обрати пред жителите на Житоше, изразувајќи ја својата силна поддршка за кандидатот за градоначалник на Долнени, Исуф Синани. Битиќи испрати пораки за единство, чесност и вистинска грижа за граѓаните, без разлика на етничка или партиска припадност.

    „Ја дадовме поддршката за Исуф Синани, не затоа што е ‘наш’, туку затоа што е на страната на јавниот интерес, на чесноста. Човек што слуша пред да зборува, што гради мостови пред да бара изговори. Со него, успехот ќе се мери со решени проблеми, а не со аплаузи, со фер однос кон секое село, независно дали е големо или мало, дали во него живеат Македонци, Албанци, Турци или Бошњаци,“ порача Битиќи.

    Битиќи ја нагласи важноста на основните услови за достоинствен живот, особено во руралните средини како Житоше:

    „Знам дека овде се живее од земјата, од нивите, од тутунот, од трудот на семејството. Кога има вода за наводнување, пат до нивата, правичен откуп и навремена исплата, тогаш има достоинство. Тоа е мерката за квалитетен живот. И тоа е општина што не прашува ‘чиј си’, туку ‘кој ти е проблемот кој треба да го решиме?’“ потенцираше Битиќи.

    Тој потсети дека социјалдемократската идеја не дели по етникум, знаме или партиска книшка, туку таа спојува околу три столба: чесност, одговорност и еднакви можности.

    „Сè друго е евтин маркетинг што крие неспособност и корупција, и тоа на овие избори, во оваа општина нема да помине,“ порача Битиќи.

    „Знам што значи кога дождот ќе престане, а калта ќе остане, и кога со месеци чекате прегорена улична светилка да се промени. Тоа мора да се смени. На Долнени му треба градоначалник што ќе служи на заедницата, независно од тоа кој и каков е, што ќе ја отвора општината кон секое домаќинство, што ќе ги решава проблемите, а таков градоначалник може да биде Исуф Синани,“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи

    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица на средба со министерот за транспорт Зечевиќ: Акцент на регионалното поврзување и пристаништата

    09.10.2026 во 18:22

    Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

    09.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.