Close Menu
Press24
    Најново

    Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови

    04.05.2026 во 23:49

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови
    • Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи?

    Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи?

    07.10.2025 во 18:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Маврово-Ростуше, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше за политичките опоненти за локалните избори кои се ближат и истакна дека коалицијата СДСМ, ДУИ, Левица ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ тврдат дека се борат за нивниот дом, според нивниот слоган за изборната кампања, но не се знае за кој точно дом зборуваат дали оној на Халкидики ли оној во Дубаи, додека ДУИ зборува за теми од пред неколку децении, наместо за иднината.

    ,,На овие избори имаме две опции. Секој кој што мисли дека има трета опција се лаже. Нема трета опција. Едната опција се една коалиција. која што во некои од општините делува формално, односно јасно е профилирана, во некои од општините е полуилегална или би рекол неформална. А, во некои од општините делува повеќе стихидно. Но, во суштина, се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие локални избори“, рече Мицкоски.

    Според Мицкоски, опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, на овие избори ги врзува желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ.

    ,,Нив ги поврза најпрво желбата за власт, силна желба за власт и втората работа е голема омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи коишто коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица ги собра заедно да ни бидат противници на овие политички локални избори“, истакна Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека политичката партија СДСМ, имаше можност 7 години да се бори за нивниот дом, како што вели и нивниот слоган за изборната кампања за локалните избори годинава, но освен жестоки грабежи и предавства ништо друго не испорачаа додека беа власт, а и запраша за кој дом за борат, затоа што очигледно беше дека пред неколку месеци уживаа на Халкидики во раскош.

    ,,Оваа коалиција, ако се вратиме назад имаше можности. Еден субјект во оваа коалиција тоа е да настапува со слоганот “Да  се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можности да се борат за својот дом, наречен нашата татковина Македонија. Освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ, на граѓаните во Македонија, на Македонија како држава буквално ништо друго, ниту испорачаа, ниту направија“, кажа Мицкоски и додаде:

    ,,Затоа сега се прашуваме, на кој дом мислат, дали мислат можеби на онаа вила на егејското крајбрежје, на Халкидики, дали мислат на хациендата во Дубаи, или пак мислат на оние скапи глисери коишто ги видовме летоска како уживаат, во еден раскошен елемент. Граѓаните се збунети. И не знаат сега конкретно за кој дом зборуваат. Секоја нивна порака е порака исполнета со лага, порака исполнета со невистина, порака исполнета со црна кампања, ад хоминем напади, ниски страсти. Така впрочем тие ја водат целата кампања“.

     Лидерот на ДУИ имаше повеќе од две децении можност да направи било што за граѓаните, и според Мицкоски, тој не успеа да испорача ништо освен да придонесе за иселување на граѓаните од земјата. 

    ,,Тој имаше повеќе од две децении можност да направи, за граѓаните, но и еве и за народот албанскиот народ којшто го гласа најчесто него и неговата политичка партија. А што направи за возврат. Пред очи гледаше како се празнат селата, тоа е веќе стара вест, сега се празнат градовите. Повеќе од 100-тина илјади негови граѓани се иселија. Залудни се хациендите во Зајас, залудни се замоците во Зајас. Затоа што соседите ги нема“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.