Author: Author 03

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. Сиљановска-Давкова рече дека жените во светот, заедно со децата, се првите и најголемите жртви на војните, но исто така и носители на исцелување, сочувство и надеж. Учесниците во своите излагања се фокусираа на потребата од посветеност, обезбедување на соодветни ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција. За таа цел, тие ја истакнаа важноста од конкретни и одржливи политики за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и…

Повеќе

На одбележувањето на 80-годишнината од основање на ООН, генералниот секретар, Антонио Гутереш, предупреди дека основните принципи на ОН се соочуваат со невидени закани. „Во овој момент, принципите на Обединетите нации се нападнати како никогаш досега“, рече Гутереш во своето обраќање пред Генералното собрание по повод годишнината. Генералниот секретар на ОН ги спомена актуелните кризи во кои „цивилите се цел на напади, а меѓународното право се гази во Газа, Украина, Судан и пошироко“, додека сиромаштијата и гладот ​​растат глобално. Гутереш, исто така, ги истакна предизвиците на климатските промени: „Планетата гори, со пожари, поплави и рекордни топлотни бранови што беснеат низ климатскиот…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. Таткото вознемирен веднаш го напуштил дворот, а пријавениот продолжил да и се обраќа на својата мајка со груби и навредливи зборови. Потоа и физички ја нападнал, започнал да ја влече со рацете за да и го земе телефонот,…

Повеќе

Најнов бунт во затвор во јужниот дел на Еквадор заврши трагично со 14 загинати и уште толку повредени, по жестоки судири меѓу ривалски затворски банди, соопшти началникот на полицијата, Вилијам Кале. Според информациите на полицијата, еден чувар е убиен, а неколку полициски службеници се киднапирани од страна на затворениците. Дел од затворениците успеале и да избегаат, но досега 13 бегалци се повторно приведени, изјави Кале за телевизиската мрежа Екуависа. Затворите во Еквадор веќе со години се огништe на насилство поврзано со нарко-картели и ривалски банди, кои водат борби за контрола врз внатрешната хиерархија и трговските канали. Само во изминатата деценија,…

Повеќе

Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство. Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага. Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција. Француските власти…

Повеќе

На 21.09.2025 на патот Тетово- Гостивар полициските службеници од СВР Тетово лишија од слобода шест лица поради пребрзо возење на патот каде максимална дозволена брзина е 80 километри на час. Во 15:25 часот кај клучка Камењане ја лишија од слобода Е.А.(29) од Тетово, која управувала патничко возило ,,голф“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 158 километри на час, а во 16:40 часот го лишија од слобода С.М.(30) од Гостивар, кој управувал патничко возило ,,пасат“ со тетовски регистерски ознаки со брзина од 152 километри на час. Исто така, во 14:25 часот кај наплатната станица Гостивар од слобода е лишен Н.Ј.(58)…

Повеќе

Денеска во Скопје беше отворена конференцијата на Асоцијацијата на алумни на Националната академија на ФБИ (FBINAA), во организација на Министерството за внатрешни работи, во партнерство со Федералното биро за истраги на САД (FBI) и Канцеларијата на аташе на ФБИ при Амбасадата на САД во Софија. На настанот присуствуваше и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, кој преку објава на Фејсбук го сподели своето задоволство од учеството и значењето на конференцијата. „Конференцијата претставува одлична можност за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу професионалците од областа на безбедноста, како и потврда за нашата заедничка заложба во справувањето…

Повеќе

Веќе три дена пералната на Клинички центар не функционира, а вработените со месеци не добиле плата. Здравствените установи се снаоѓаат за чиста постелнина како знаат и умеат – дел од чаршафите се перат на други клиники, како Инфективна или Онкологија, но вработените реагираат дека тоа не е трајно решение. Објектот кој треба да обезбеди хигиена и заштита од интрахоспитални инфекции е во критична состојба и без минимални стандарди. Тоа го потврдил и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утврдил дека пералната не ги исполнува санитарно-техничките условi. „Потребно е целосно реновирање на просторот и опремата. Се работи со застарени машини кои…

Повеќе

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека две болници во градот Газа – детската „ал-Рантиси“ и болницата „Eye“ – престанале со работа поради штетите од израелското бомбардирање и напредувањето на копнената офанзива. Според властите, здравствениот систем е намерно цел на нападите, што го прави речиси невозможно пациентите и ранетите безбедно да стигнат до болнички објекти. Израел сè уште не се огласил по обвинувањата. Израелската армија, која тврди дека Хамас го користи градот Газа како последно упориште, продолжува со копнените операции и уништување на стамбени блокови. Локалните власти велат дека само во понеделник најмалку 25 лица биле убиени во нападите,…

Повеќе

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје уште една година откако ќе истече договорот со САД во февруари 2026 година. Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето. Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната стабилност и оти се надева дека САД ќе го следат примерот на Русија и ќе се придржуваат до ограничувањата. Со Договорот Нов СТАРТ се ограничуваат арсеналите на двете земји на максимум…

Повеќе