- Остана само пепел – местото на сообраќајната несреќа утрово
- Кражба на струја во штипски автосервис: За четири месеци направена штета од над 150.000 денари
- Хаос и еуфорија во Црна Гора: Десетици илјади на нозе за Рики Мартин, фрлен солзавец го прекина концертот
- Филипче демантира: Кој зборувал за коалиција со Мицкоски, ние не преговараме за фотелји
- УХМР со детални податоци: Најладно на Попова Шапка и Лазарополе
- Сериозен сајбер напад врз државните институции: Мета биле Владата и министерствата, податоците се безбедни
- ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Филипче и неговиот ментор Заев
- Баритонот Ристе Велков е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица
Author: Author 03
Советот на Општината претставува орган и тело на општината каде што се носат одлуките за секојдневниот живот на граѓаните а со ваша масовна поддршка, таму ќе го носиме вашиот глас, вашите потреби и вашите надежи. Ќе се бориме за подобар плански развој на градот Дебар и руралните средини, рече меѓу другото Мухарем Имероски, носител на кандидатската листа за советници во Советот на општина Дебар, на јавниот собир на Коалицијата предводена од СДСМ. Според него еден од најсуштинските проблеми на граѓаните во руралните населени места, за кој ќе се залагаат да се надмине, е немањето на урбанистички планови односно неможноста да…
Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон оствари средба со претставници на Трезорот на САД (U.S. Department of the Treasury), Канцеларија за техничка помош (Office of Technical Assistance – OTA). Средбата била посветена на разгледување на досегашната соработка и дефинирање на идните приоритети во областа на јавните финансии, буџетот, даноците, јавниот долг и финансискиот систем. На средбата било истакнато дека соработката со Трезорот на САД претставува клучен елемент во процесот на модернизација на системот за управување со јавните финансии во земјава. – Преку проектите реализирани во изминатиот период,…
Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловa-Пановска на граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом“ во Дебар ги повика граѓаните на 19 октомври, да гласаат за бројот 5, за обединување, за Македонија да го фати вистинскиот правец, бидејќи по година и половина со ДПМНЕ земјата оди во изолација, во поделби, а народот во сиромаштија. „Македонија денес е втора најсиромашна земја во Европа според минимална плата. Сите економски параметри се лоши. Во изминативе 14 месеци над 1,8 милијарди евра нов долг има создадено оваа власт на грбот на народот, а највуваат уште 6 милијадри. Инфлацијата е 4%, повратот на ДДВ за фирмите…
Вечерва сме овде обединети од едно знаме, знамето на ВМРО-ДПМНЕ со една цел, со една мисла да го вратиме Берово на вистинскиот пат, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на народниот митинг во Пехчево во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври. -Да покажеме дека нашето Берово заслужува повеќе, заслужува подобро и заслужува луѓе што работат со срце и со визија. Предолго гледаме како Берово град со душа со чиста природа со вредни лиѓе и потенцијал тапка…
Министерството за култура и туризам во врска со оштетувањата на споменик на културата на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга, информира дека министерот Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки. -Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во Првата зона на Струга, со посебен режим на заштита согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план 2020–2029. При увидот се констатирани значителни оштетувања– рушење на јужниот калкански ѕид и дел од…
Скопје влегува во зимско сметање на времето 2025: во недела, 26 октомври, точно во 03:00 по полноќ стрелките ќе се вратат еден час наназад, па 03:00 ќе стане 02:00. Ова е редовната промена што ја усогласува земјава со европскиот календар на летно/зимско време, согласно владината одлука објавена во „Службен весник“. Практично, тоа значи подолги утрински светли часови и порано залезување попладне. Поголемиот дел од паметните уреди ќе се ажурираат автоматски, но ако користите аналоген часовник, рачно вратете го за еден час наназад. Доколку патувате или имате сменска работа во ноќта меѓу сабота и недела, проверете ги термините на летови и…
Грција ќе стане првата земја во Европската Унија што официјално ќе воведе 13-часовно работно време во приватниот сектор, пренесува Политико. Контроверзниот закон, кој се очекува лесно да биде усвоен со гласовите на владејачката Нова демократија, предвидува шестдневна работна недела и можност за подолги смени во индустријата, трговијата, земјоделството и услужните дејности. И покрај силниот отпор на синдикатите и опозицијата, Владата тврди дека мерката е неопходна поради стареењето на населението и недостигот од квалификувана работна сила. Според новите правила, платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти.Законот предизвика масовни протести во повеќе градови, при што синдикатите побараа враќање на 13-та…
– Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. -Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен. Претходно, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски на средбата со Фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и…
Француската крајнодесничарска политичарка Марин Ле Пен не успеа во обидот да ја поништи одлуката да биде исклучена од избори. Државниот совет (Conseil d’État), највисокиот управен суд во Франција, ја одби жалбата на пратеничката и лидерка на партијата Национален собир. Судиите изјавија дека прописите што се во прашање можат да се изменат единствено со промена на законот. Суд претходно во април ја осуди Ле Пен за злоупотреба на средства од Европската унија. Најконтроверзниот дел од пресудата е петгодишната забрана за кандидатура на избори, која стапи во сила веднаш, за разлика од делумно условната затворска казна. Таа поднела посебна жалба против самата…
Доналд Трамп изјави дека Хамас ќе „се разоружа, бидејќи рекоа дека ќе се разоружаат“. „И ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“, додаде тој. На прашањето на новинарите како тоа ќе се случи, Трамп рече: „Не морам да ви објаснувам. Но, ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме“. „Тие знаат дека не си играм“, додаде американскиот претседател. „Ќе се случи брзо и може да биде насилно. Но, тие ќе се разоружаат, разбирате што мислам?“, додаде Трамп.
