- Што се случува со вашето тело ако не пешачите редовно?
- 4 хороскопски знаци: Влегуваат во својот најсилен период досега
- Почина „кралицата на убавината“, имаше само 31 година
- Стојаноска: Филипче е трет во низата, по Заев и Ковачевски, да прифати се само за да дојде на власт, гласно се подава и на домашна и на меѓународна сцена
- Делови од општина Центар утре без струја и вода
- Вучиќ со порака по средбата со Маѓар: Унгарија останува наш клучен сојузник
- Николоски од Виена: Дијаспората клучен партнер за инвестиции и економски раст
- Мицкоски од Виена: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред
Author: Author 03
Според толкувањето на астролозите, постојат три датуми кои носат неверојатна енергија и луѓето родени токму тогаш имаат најголема шанса да постигнат голем успех. Некои датуми во астрологијата се сметаат за енергетски портали, бидејќи отвораат врата кон нови можности и носат силен поттик за успех. Оние кои го слават својот роденден тогаш, особено до 2031 година, би можеле да доживеат извонредни промени и напредок. 8 август Датум 8.8. симболизира бесконечност и моќ и спаѓа под знакот на Лав, кој претставува самодоверба и креативност. Родените на овој ден имаат природен дар за истакнување и тенденција да бидат во центарот на вниманието. Пред…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше на министерска тркалезна маса во Њујорк, посветена на темата: „Промоција и заштита на човековите права преку реформата на ОН 80“. Настанот беше организиран по покана на министрите за надворешни работи на Холандија и Чиле. Во своето обраќање, Муцунски потенцираше дека годината во која се одбележуваат 80 години од основањето на Обединетите нации е историска можност не само за славење на досегашните достигнувања, туку и за соочување со новите глобални предизвици што директно ги засегаат човековите права. „Иако организацијата има значаен придонес, светот и понатаму се соочува со сериозни закани…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Генералното собрание на Обединетите нации објави дека Франција ја признава Државата Палестина. Тој ја соопшти одлуката на отворањето на Конференцијата за мирно решавање на палестинското прашање и примената на концептот за две држави. -Доаѓа моментот да го запреме насилството. Доаѓа моментот за мир, изјави Макрон. – Ангажманот кон мирот е единствениот пат кон спасение, додаде тој. Францускиот претседател истакна дека ова признавање отвора пат за мирно решавање на конфликтот на Блискиот Исток.
Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија. ,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку…
Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво – нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,Венко Филипче, во општина Гази Баба. Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината. „Потребни се промени, локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со…
Експлозија се случи на пазар во турскиот град Демре, во регионот на Анталија, попладнево. Најмалку едно лице е убиено, а тројца се повредени, според агенцијата Анадолу. Експлозијата се случила во магацин на добро познат пазар за овошје и зеленчук. Властите започнаа истрага за да ја утврдат причината за експлозијата.
Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. 1. Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати. 2. Пуцко Петрол е дел од ДУИ, со кои таа е во коалиција. 3. Пуцко Петрол е дел од постапка за која беше и во притвор, и тоа говори колку оваа власт сака да расчисти со такви структури. А од притвор го спасија менторите на Арсовска, судиите на СДС и ДУИ. 4. Против Пуцко Петрол има постапка за…
САД потврдија дека ќе го заштитат територијалниот интегритет на НАТО по серијата случаи кога Русија го наруши воздушниот простор на европски членки на Алијансата. „САД стојат рамо до рамо со своите сојузници во НАТО во справувањето со овие нарушувања на воздушниот простор. Сакам да ја искористам оваа прва прилика да повторам и нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“, изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на денешната вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк. Тој оцени дека Русија мора веднаш да престане со „опасното однесување“ и наместо тоа да…
Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), досега се потврдени вкупно 303 кандидатски листи за градоначалници на општините и Градот Скопје, додека за членови на општинските совети и Советот на Град Скопје се потврдени 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК. Во општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека продолжува проверката на листите поради отстранување на утврдени неправилности, согласно известувања од општинските изборни комисии. Во тек е процес на корекција на осум листи за градоначалници и 20 листи за членови на советите. Од досега доставените листи, пет за градоначалници се отфрлени – по една за…
Викендов во тетовското село Желино се случи инцидент кој предизвика бурни реакции во спортската јавност. На натпревар од Четвртата лига – тетовски регион, наместо македонската, беше пуштена албанската химна, пренесува sport1.mk. „Пред почетокот на натпреварот сите фудбалери се здружија и со гордост ја испеаја албанската химна, посебен момент кој покажа дека фудбалот не само спорт“, стои во дел од објавата на социјалните мрежи на екипата на Влазрими. Видеото може да го погледнете ТУКА.
