Author: Author 03

Дали Оливер Спасовски се јавувал во СВР Штип и барал да се р’же на полицијата во Кочани за спас на газдата на дискотеката Пулс? Што кријат ЈО и Коцевски? Праша Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите кои излегоа во јавноста, обелоденети од медиумите доаѓаме до фрапантни сознанија и вмешаност на врвот на власта на СДС во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс. Имено медиумите објавија телефонска конверзација помеѓу синот на газдата на Пулс – Михаил и извесна Бојана. Од конверзацијата се влече логичниот заклучок дека власта на СДС вешто го штитела газдата на Пулс, а во тоа биле вмешани…

Повеќе

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Арбер Адеми на прес-конференција денеска рече дека претстои уште една седмица изборна кампања до идната недела кога ќе се случи „историски референдум на кој Албанците ќе одлучат за враќање на достоинството, за еднаквост, интеграција и понатамошен напредок“. -Гласањето во оваа недела е повеќе од обичен референдум – тоа е плебисцит преку кој народот силно ќе го манифестира своето спротивставување на опасните политички платформи кои имаат за цел политичка асимилација на Албанците и ревизија на колективните права стекнати со многу жртвување во изминатите децении. Нашиот народ ќе им одговори на овие мрачни планови, покажувајќи…

Повеќе

Во рамки на активностите по повод октомври – месец на свесност за ракот на дојка, кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, присуствуваше на настан во Градскиот парк, посветен на поддршка на жените кои ја водат својата најважна битка – битката за животот, стои во соопштението од ЗНАМ кое МИА го пренесува интегрално. „Денес не зборуваме за политика, туку за човечност. Денес сум тука како син, сопруг, татко и пријател. Како човек кој верува дека здравјето е највисока вредност,“ изјави Лабудовиќ. Тој ја истакна важноста на превенцијата и свесноста, најавувајќи конкретна мерка…

Повеќе

-Кривичниот совет на Основниот суд во Битола го преиначил решението на судијата на претходна постапка по жалбата на ЈО заради ризиците од бегство, и на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, му определи мерка затворски притвор во траење од 30 дена, објавија неколку медиуми. Со претходната судска одлука се предвидуваше двајца од осумтемина осомничени за истрагата во врска со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“ во 2023 година, да одат во куќен притвор. „Кривичниот совет го преиначи решението на судијата на претходна постапка и спрема едно лице, место мерката куќен притвор, определи мерка притвор во траење од 30 дена,…

Повеќе

Украина мора да му одговори на непријателот. Вака претседателот Володимир Зеленски одговори на прашање од УНИАН за време на брифингот за тоа дали може да се случи затемнување во Москва по денешниот руски напад врз украинската енергетска инфраструктура. „Наша задача по нападите е да одговориме на непријателот. Наша задача, пред сè, е да се одбраниме. И она што го видовме денес – дека тие се подготвуваа (знаеја што ќе прават), чекајќи дожд и магла, јасно разбирајќи дека дождот нè спречува пошироко да ја користиме авијацијата. Тоа е, тие знаат што прават – и ние знаеме што правиме“, рече Зеленски. За…

Повеќе

Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера, пишува на ФБ министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. „Ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени. Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност. Ваквите изјави, за жал се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме…

Повеќе

На 10.10.2025 во СВР Тетово, 51-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен од С.Р. и Б.Р. за сума од 64.000 евра. Според пријавеното, по претходно склучен преддоговор со пријавените кај адвокат, И.М. на 16.06.2021 им ја исплатил целата договорена сума на сметка на второпријавената Б.Р., но после исплатата пријавените не дошле за склучување на договор за купопродажба, како што било претходно договорено, по што сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.П.(36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот, во повеќе наврати во 2025 година, неовластено набавувал марихуана од лица од Битола и ја продавал на лица кои издржуваат казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Битола.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина, како и ограничувања за извозот на технолошки производи. „Дознавме дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила крајно непријателско писмо до светот, со кое најавува дека од 1 ноември 2025 година ќе воведе широки контроли на извозот за речиси сите производи што ги произведува – и за некои што дури и не ги произведува,“ напиша Трамп на платформата Трут Соушл. „Почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од постапките на Кина), САД ќе воведат 100-процентна…

Повеќе

Во Општинската изборна комисија (ОИК) Штип поднесени се 152 барање за гласање во домашни услови, по истекот на рокот синоќа на полноќ. Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев изјави дека членовите на ОИК денеска ќе одлучуваат кои од нив ќе добијат можност да гласаат ден пред изборите, а ќе им помага лекар-специјалист од Клиничката болница. -Значи рокот за пријавување беше до синоќа до 24:00 на полноќ заврши. Во моментот се пристигнати 152 барање за гласање за болни и неможни лица, односно оние лица кои што го остваруваат своето право на глас во домашни услови, ден пред изборите. ОИК денеска има закажано…

Повеќе