- На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра
- Турција: Ја убил поранешната сопруга, па продолжил со крвавиот пир, најмалку 6 усмртени
- Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ – донесени се повеќе кадровски решенија
- Дипломатска бура во Загреб: Милановиќ го блокира амбасадорот на Израел
- ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче нема желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија
- Американец заразен со хантавирус почина: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“
- „Луѓето обично го кажуваат ова пред да умрат“: Најмногу жалат за една работа
- Украина влегува во нова фаза од војната: Првата домашна лизгачка бомба е подготвена за борба
Author: Author 03
Со недистанцирање и неизвинување за Тричковски, Филипче се става на негова страна и на страна на говорот на омраза. Венко Филипче можеше да истапи и да покаже различен и конструктивен пристап. Но тој избра да остане во црнилото на СДС и да продолжи да јава на бранот на омразата која ја создава оваа партија преку нејзините перјаници како Бранко Тричковски – изјави на денешната прес конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека фактот што Бранко Тричковски отворено повикува на убиство и парчосување на претседателот Мицкоски, а добива публицитет од структури блиски до СДС, покажува дека партијата со тоа креира…
Премиерот Христијан Мицкоски од Свечената академија во Прилеп порача дека за да направиме рестарт на системот, потребна е општествена мобилизација. -И тоа не само мобилизација на политичките елити, туку мислам на длабока мобилизација на сите структури во општеството. Академската средина се подели на „про наши“ и „про нивни“, додека пак МАНУ секогаш за сите прашања е поттурнувана на страна и се водат чудни полемики за проценти на застапеност, за тоа кој бил, а кој не бил академик, наместо за проценти на искористеност на нивните знаења и искуства. Има многу прашања за кои не се прашани, но и тие некако автоцензурирачки…
11 Октомври е дата врежана во националната свест, денот кога македонскиот народ се исправи пред неправдата, денот кога избра храброст наместо страв, достоинство наместо покорност. На 11 октомври, 1941 година, започна борбата за слобода, еднаквост и државност, борба што ја втемели идејата за Македонија каква што ја знаеме денес. Ова е дел од празничната порака на претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски. Лидерот на ЗНАМ потенцира дека секој 11 Октомври е потсетник за слободата која не е дадена, туку постојана одговорност да ја чуваме, да ја браниме и да ја надградуваме државата со дела, а не…
Потребна е длабока мобилизација на сите структури во општеството за да направиме рестарт на системот којшто е трул и нефункционален, оптоварен со многу отстапки, неразумни компромиси, силувања и разочарувања. Не само мобилизација на политичките елити, туку длабока мобилизација на сите структури во општеството. Потребен е суштински дијалог со сите општествени фактори важни за државата, порача премиерот Христијан Мицкоски на централното чествување на Денот на народното востание – 11 Октомври. Од Центарот за култура во Прилеп, премиерот порача дека е подготвен да го води тој процес и сите да се обединат околу платформа која нема да биде само политичка или економска,…
„Поробени, но никогаш покорени“ се зборовите со кои почнува манифестот на македонските Партизани кои го испраќаат до народот што во тоа време се соочил со најголемата воена агресија дотогаш. Во овие зборови е содржана суштината на поривот и пркосот што таа генерација го даде кон тогаш најголемата сила што светот ја познаваше. Во таа реченица се препознава одлучноста да се успее и кога многу поголеми се против вас и дека секоја битка може да се победи или да се загуби обидувајќи се да се победи, но никогаш да не се откажете дури и тогаш кога мислите дека работите изгледаат безизлезни.…
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ја предводеше владината делегација која по повод 11 Октомври положи цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, споменикот Жена борец и пред Могилата на непобедените. – Овој ден треба и да не’ потсети зошто го славиме. Не смееме да заборавиме зошто беше кренато востанието, против кого беше кренато и против чија идеологија беше кренато востанието. Јасно е дека Македонија беше под окупација, а не под администрација, јасно е дека имаше силна Народноослободителна борба, а не идеолошка борба помеѓу левичари и десничари и помеѓу комунисти и ројалисти, туку јасна…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека Лекарската комора треба да реагира и да направи проценка дали доктор во состојба во која беше фатен директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски може да лекува пациенти. Според Филипче, добро е што Кузмановски е веднаш разрешен, но очекува реакција и од Лекарската комора. – Сметам дека е добро што е разрешен веднаш и многу брзо. И во исто време сметам дека треба да реагира Лекарската комора во однос на тоа да се направи проценка дали и колку време наназад се случувало тоа, односно дали во една таква состојба доктор воопшто може да…
Литванија, Летонија и Естонија развиваат координирани акциски планови за масовна евакуација на населението во случај на можен руски напад или внатрешни немири. Информацијата ја потврдија извори од балтичките влади, нагласувајќи ја потребата од координирани чекори за брза мобилизација на населението и ефикасно управување со логистиката. Според официјални извори, трите земји подолго време ја нагласуваат загриженоста поради потенцијални кибер напади, кампањи за дезинформации и можни упади на руски борци и дронови кои би можеле да влијаат на регионалната безбедност. Естонскиот советник за масовна евакуација, Ивар Мај, го сврте вниманието на ризикот од коридорот Сувалки, истакнувајќи дека руските сили би можеле да…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска, во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ. Претседателот Филипче го честиташе големиот македонски празник, го исткана аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во поставувањето на темелите на нашата држава. На средбата беше истакнато дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – на страната на слободата, правдата и одбраната на достоинството на секој еден човек. „Имавме одлична средба денеска со претставници од Сојузот на борци, секој еден…
Претседателот на Франција Емануел Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер и го задолжи да формира нова влада, соопшти кабинетот на Макрон. Новото назначување доаѓа откако Лекорну поднесе оставка на функцијата претходно оваа недела. Неговата непосредна задача ќе биде в понеделник да го достави буџетот до Парламентот. „Ја прифаќам – по должност – мисијата што ми ја довери претседателот на Републиката да направам сè што е можно Франција до крајот на годината да добие буџет и да се позанимавам со секојдневните животни прашања на нашите сограѓани“, напиша Лекорни на платформата „Икс“. Тој најави дека ќе се консултира со претставници…
