Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36

    ФОТО: Сообраќајна несреќа кај Ботун, се преврте автомобил, застој од двете страни

    21.08.2026 во 15:14

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спречена поголема штета во Велес: Пожарникарите спасија куќа од целосно изгорување
    • Петта жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина пациент од Скопје
    • Приведени тројца тинејџери од Скопје и Струга – полицијата им пронајде дрога
    • Пеколни температури во Македонија: Во Гевгелија измерени над 40 степени
    • Семејна драма во Беровско: Тинејџер ја нападнал бабата и му го искршил домот
    • Пијан скопјанец предизвикал сообраќајка, поминал на црвено и бегал од полицијата — кога го фатиле нападнал полицајци
    • Млада снаа заврши со лисици на рацете, ја натепала свекрвата – драма во Тетово
    • Приведен татко во Струмица: Во домот му е откриено оружје и муниција без документи кои му припаѓале на синот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

    ЗНАМ: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

    11.10.2025 во 14:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    11 Октомври е дата врежана во националната свест, денот кога македонскиот народ се исправи пред неправдата, денот кога избра храброст наместо страв, достоинство наместо покорност. На 11 октомври, 1941 година, започна борбата за слобода, еднаквост и државност, борба што ја втемели идејата за Македонија каква што ја знаеме денес. Ова е дел од празничната порака на претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

    Лидерот на ЗНАМ потенцира дека секој 11 Октомври е потсетник за слободата која не е дадена, туку постојана одговорност да ја чуваме, да ја браниме и да ја надградуваме државата со дела, а не со зборови.

    „11 Октомври не е само симбол на минатото, тоа е патоказ за иднината. Денес, нашата борба е поинаква, но суштината е иста. Денес имаме обврска и кон нашите претци, но пред сѐ кон нашите потомци, да изградиме достоинствена, праведна и просперитетна Македонија. Да создадеме држава во која младиот човек ќе има причина да остане, во која трудот ќе се вреднува, а правдата ќе биде достапна и еднаква за сите“, изјави Димитриевски.

    Движењето ЗНАМ постојано работи на остварување на визијата дека денес повеќе од кога било Македонија има потреба од единство и од политики што обединуваат, а не делат. Мора да ја оправдаме храброста на генерациите што се изборија за слободна земја бидејќи тоа е наш потсетник дека патриотизмот не се изговара, тој се докажува со дела, со чесна работа, со одговорност и со љубов кон својата татковина. ЗНАМ го продолжува тој завет – да создаде Македонија која ќе биде место на достоинство, знаење и можности.

    На овој голем национален празник, движењето ЗНАМ упатува честитка до сите граѓани на Македонија со порака дека најголема победа е кога сме заедно, кога се гледаме во очи со почит и кога веруваме дека иднината не се гради со поделби, туку со заедничка волја и љубов кон татковината.

    Да живее Македонија – горда, исправена и силна!

    Да живее духот на 11 Октомври!, стои во честитката на партијата.

    Прочитај повеќе

    Спречена поголема штета во Велес: Пожарникарите спасија куќа од целосно изгорување

    22.08.2026 во 15:22

    Петта жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина пациент од Скопје

    22.08.2026 во 15:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.