Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска
    • Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин
    • Баба од Аеродром пријавила дека синот ја тепал
    • Необичен улов на царински службеници: Косовец се обидел да изнесе заштитени видови змии преку „Богородица“
    • Со тврд предмет ја тепал партнерката – полицијата мораше да приведе кавадарчанец
    • По долгогодишна запуштеност Скопје ги враќа градските цвеќарници
    • „Ќе продолжат да тонат“ – Мицкоски за предноста пред опозицијата во најновите анкети
    • Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

    Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

    10.10.2026 во 15:093 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот марш во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики и антифашистичките вредности на партизаните, кои пред 85 години ја започнаа борбата за слободата и македонската државност.

    „Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот“, рече Филипче.

    Тој нагласи дека историската борба за слобода денес продолжува преку демократска борба против криминалот, корупцијата, неправдата и политиките на власта кои го поткопуваат достоинството на граѓаните.

    „Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителноста, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ посочи дека 11 Октомври не е само датум за одбележување, туку потсетник на огромната жртва на борците кои ја извојуваа слободата и ја поставија основата за создавањето на современата македонска држава.

    „Покрај сите наши славни историски датуми, треба да признаеме дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе до првата современа национална држава. Кога ја славиме победата, лесно ја забораваме неизвесноста пред првиот чекор. Лесно е да се биде храбар во говор, осумдесет и пет години подоцна. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе“, рече Филипче.

    Филипче истакна дека антифашистичката борба и победата во Народноослободителната војна се нераскинлив дел од македонската државност, од АСНОМ до независноста, а обврската на денешните генерации е да го продолжат тој историски пат.

    „Од Илинден 1903, преку АСНОМ, од 1944, до референдумот за независност од 1991 година, низ различните историски епохи се провлекува една иста нишка. Тоа се поглавја на една многу, многу долга борба. Илинденците се бореа за слобода и ги поставија темелите на борбата. Асномците ците ја втемелија државноста. Генерацијата на независност ја создаде суверена и меѓународно призната република Македонија. Генерација за последните 10 години го обезбеди нашето членство во НАТО. А на нас и секоја следна генерација и останува обврската да продолжи таа историска вертикала“, рече Филипче.

    Тој порача дека денешната генерација има историска одговорност да ја зачува државата, да ја зајакне економски и да обезбеди иднина во која младите ќе останат да живеат во својата татковина, наместо да бидат принудени да ја напуштаат.

    „Да ја чува државата, да ја развива, економски да ја зајакнува и да ја носи напред кон Европа силна и обединета. Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче.

    Во обраќањето  Филипче порача дека борбата за Македонија денес е борба за достоинството на секој граѓанин, за подобар живот, за правда и за европска иднина, нагласувајќи дека СДСМ нема да се откаже од вредностите врз кои е изградена македонската држава.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е пак да ѝ се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт

    10.10.2026 во 10:41

    СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава – долгот го плаќа народот

    10.10.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.