Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше бројките од најновите анкети, според кои тој и неговата партија се во убедливо водство пред опозицијата.
„Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму. И така и ќе биде. Мислам, тие ќе продолжат да тонат затоа што граѓаните се свесни за перформансите на денешната наша опозиција и оние коишто од страна седат и само клеветат, без да притоа било како понудат. И тоа малку можност кога имаат да понудат катастрофално завршува. И оние кои што имаа седум години можност, а ја ограбија и уништија државата и сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да клеветат, да лажат и така натаму. И, тие ќе продолжат да тонат сé до конечно дефакторизирање од политичката сцена“, изјави Мицкоски.

