Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, се надевам ќе продолжи
    • Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции
    • Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци
    • Малолетници зад волан и пијани шофери: МВР спроведе масовна акција против дивеењето во сообраќајот
    • Кои се петмината јавни обвинители кои се тркаат за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција?
    • ВИДЕО: Излезе снимка од тепањето на двете момчиња во Сарај
    • Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземеме сѐ за секогаш да има струја за граѓаните
    • Голема меѓународна операција на Европол: Запленети 43 тони кокаин, приведени 20 осомничени (ВИДЕО)
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, се надевам ќе продолжи

    Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, се надевам ќе продолжи

    10.10.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По советот од Европската комисија, дијалогот со Бугарија е почнат, меѓународните партнери се запознаени со содржината, продолжуваме да разговараме и кога ќе биде постигнат напредок ќе ги информираме граѓаните. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарски прашања по средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова во Софија и обидите за деблокада на евроинтеграциите на Македонија.

    По сингалите од Софија дека нема репреговарање и уставни измени со одложено дејство, премиерот денеска беше прашан каде го гледа излезот од ваквата блокада.

    „Во разговор, во дијалог, тоа е убавината на демократијата кога ќе разговарате и ќе водите дијалог. Јас се радувам што тој дијалог почна, се радувам што за дијалогот се запознаени нашите партнери. Тоа е убавината во демократијата, да разговарате кога имате различни ставови, а умешноста во демократијата е кога тие различни ставови ќе ги приближите и на крај ќе дојдете до компромис. Очекувам дијалогот да продолжи да се води и во одреден момент ставовите да се приближат и да дојдеме до решение“,рече Мицкоски.

    На прашање пак, дали е можна нова средба до декемврискиот самит, Мицкоски одговори:

    „Да оставиме процесот да се движи по природен пат. За се што треба јавноста да знае, ќе знае на време.“

    Прочитај повеќе

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    10.10.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.