Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема меѓународна операција на Европол: Запленети 43 тони кокаин, приведени 20 осомничени (ВИДЕО)

    Голема меѓународна операција на Европол: Запленети 43 тони кокаин, приведени 20 осомничени (ВИДЕО)

    10.10.2026 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    20 приведени во Еквадор и запленети 42 тони кокаин е епилогот од големата меѓународна операција „Операција Кантабрија“, спроведена од Европол. Пресечен е канал за шверц на кокаин од Латинска Америка кон Европа. 

    Операцијата е спроведена на 8 октомври кога полициски службеници привеле 20 осомничени во Еквадор и извршиле претреси на 23 локации.

    Со години, криминалната мрежа ја искористуваше глобалната поморска трговија, користејќи го Еквадор како клучна појдовна точка поради неговата близина до Колумбија – водечкиот светски производител на кокаин.

    pastedGraphic.pngДелувајќи под превезот на легални компании за увоз и извоз на тропско овошје, шверцерите криеле стотици килограми и тони кокаин во пратки со банани наменети за европските пристаништа.

    Истрагата откри дека картелот развил обемна инфраструктура: одржувале стратешки бази во Перу и клучни европски логистички центри во Белгија, Шпанија и Холандија, а истовремено воспоставиле и оперативни и финансиски врски во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

    Заедничката истрага, која траеше неколку години, резултираше со заплена на повеќе од 43 тони кокаин во текот на 13 големи операции спроведени помеѓу 2022 и 2026 година. Значителен дел од клучните докази и информации беа собрани преку дешифрирање на комуникациите од енкриптираната апликација Sky ECC.

    Меѓу значајните удари зададени на оваа група се пресретнувањето на речиси четири тони кокаин во Холандија во декември 2020 година и историската заплена на 13 тони кокаин во Шпанија.

    Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, ја истакна важноста на оваа операција за европската безбедност.

    „Меѓународната соработка е нашата најголема сила во борбата против трговијата со дрога. Криминалните мрежи не познаваат граници, а не ги познава ниту нашиот одговор. Оваа операција покажува што можеме да постигнеме со заедничка работа: запленети се 43 тони дрога и разбиена е голема рута за шверц на дрога кон Европа. Секоја пратка што ќе ја запреме помага да ги заштитиме нашите заедници од насилство и штета“, изјави Брунер.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.