Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземеме сѐ за секогаш да има струја за граѓаните
    • Голема меѓународна операција на Европол: Запленети 43 тони кокаин, приведени 20 осомничени (ВИДЕО)
    • Task Force упадна во дом во Врапчиште: Приведен 28-годишник, пронајдени кокаин и марихуана
    • Затворот во Идризово пренатрупан: Директорот ќе бара амнестија за да се намали бројот на затвореници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е пак да ѝ се умилкува на Бугарија за така да дојде на власт
    • СДСМ: Два ребаланса за четири месеци, трет во најава – долгот го плаќа народот
    • Мицкоски на увид во завршните работи на објекти на Скопското Кале
    • Денеска до 28 степено, но не излегувајте без чадор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземеме сѐ за секогаш да има струја за граѓаните

    Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземеме сѐ за секогаш да има струја за граѓаните

    10.10.2026 во 11:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата прави сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземе сѐ за секогаш да има електрична енергија за граѓаните, да има сигурност во снабдувањето, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во интервју за МИА.

    -Во разговор со претставниците на ЕСМ, моментно имаме 40 проценти од акумулациите. Тоа е доста добро, бидејќи летоска беа околу 70 проценти. Сега, во овој период од годината, тоа се многу добри бројки. Ние како држава ќе преземеме сѐ за да има сигурност во снабдувањето, односно секогаш да има електрична енергија за граѓаните, рече таа.

    Божиновска која во вторникот учествуваше на Вториот министерски самит за енергетика во Белград, заедно со своите колеги од Грција, Бугарија и Србија, испрати порака дека Македонија подготвена ќе ја дочека претстојната зимска сезона.

    Во интервјуто се осврнува на глобалните случувања и предизвици, напоменувајќи дека некои работи едноставно не можат да се контролираат, но државата, потенцира, ќе направи се за производството да биде на одлично ниво.

    Во врска со евтината тарифа, Божиновска информира дека ќе има состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, која веќе ги прави потребните анализи.

    -Претседателот на РКЕ кажа дека веќе прават некои анализи, па ќе видиме, бидејќи во државата имаме голем број фотоволтаици. Ќе се состанам со претседателот и ќе видиме што може да се направи сѐ за доброто на граѓаните, подвлекува министерката.

    Прочитај повеќе

    Феро Инвест втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

    10.10.2026 во 10:18

    Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината

    09.10.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.