74-годишна жена пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот син во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера, а нападот, според пријавата, се случил на 7 октомври.
„На 09.10.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена пријави дека на 07.10.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот син Р.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

