Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина

    Трамп најави нови 100 отсто дополнителни царини за увозот од Кина

    11.10.2025 во 15:033 Mins Read
    Доналд Трамп, претседател на САД
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина, како и ограничувања за извозот на технолошки производи.

    „Дознавме дека Кина зазела исклучително агресивен став во трговијата и испратила крајно непријателско писмо до светот, со кое најавува дека од 1 ноември 2025 година ќе воведе широки контроли на извозот за речиси сите производи што ги произведува – и за некои што дури и не ги произведува,“ напиша Трамп на платформата Трут Соушл.

    „Почнувајќи од 1 ноември 2025 година (или порано, во зависност од постапките на Кина), САД ќе воведат 100-процентна дополнителна царина на сите кинески производи, покрај постојните царини. Истовремено, ќе воведеме и контроли на извозот на целокупниот критичен софтвер,“ додаде тој.

    Претходно вчера, Трамп на социјалните мрежи изрази сомнеж дали планираната средба со кинескиот претседател ќе се одржи, откако Пекинг наводно испратил писма до повеќе држави во кои најавил ограничувања на извозот на ретки метали и други материјали. Трамп рече дека „изгледа нема причина“ да се сретне со претседателот на Кина, Си Џинпинг за време на неговата посета на Јужна Кореја.

    -Ова се појави од никаде, рече Трамп, додавајќи дека таквите потези може да ја парализираат светската трговија и да наштетат на голем број земји. Тој оцени дека Кина станува сè „понепријателска“.

    Трамп и Си требаше да се сретнат на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој почнува кон крајот на октомври.

    Синоќа, Трамп пред новинарите во Овалната сала  изјави дека средбата сè уште не е откажана.

    -Не, не сум ја откажал, но не сум сигурен дека ќе се одржи. Јас ќе бидам таму, па претпоставувам дека можеби ќе ја имаме, рече тој.

    По неколкумесечна пауза во трговскиот спор меѓу двете земји, во април САД и Кина повторно си воведоа меѓусебни царини поголеми од 100 проценти.

    Во четвртокот, Пекинг објави дека ги проширува ограничувањата за извоз на ретки земни метали – материјали клучни за американската индустрија. Според Министерството за трговија на Кина, технологиите и експертизата за екстракција и обработка на овие материјали во иднина ќе може да се споделуваат само со одобрение од властите.

    За првпат, ограничувањата ќе опфатат и производи надвор од Кина што содржат ретки метали со кинеско потекло или користат кинески производствени процеси. Компаниите што ќе извезуваат такви производи ќе треба да добијат дозвола од кинеските власти од 1 декември.

    Кина воведе и нови ограничувања за уште пет ретки метали, со што вкупниот број на засегнати материјали се искачи на 12, како и на одредени батериски материјали и графитни производи, со важност од 8 ноември.

    Кина е најголем светски производител на ретки земни метали, неопходни за голем број современи уреди.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.