Close Menu
    Најново

    Сакате да заштедите пари? Пробајте ги овие трикови

    12.11.2025 во 23:42

    Дел од Тетово и повеќе тетовски села утре ќе останат без струја

    12.11.2025 во 23:36

    Научниците открија зошто птиците пеат толку гласно в зори

    12.11.2025 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Сакате да заштедите пари? Пробајте ги овие трикови
    • Дел од Тетово и повеќе тетовски села утре ќе останат без струја
    • Научниците открија зошто птиците пеат толку гласно в зори
    • Захарова: Статијата на „Фајненшл тајмс“ има цел да ги наруши преговорите меѓу Русија и САД
    • Скок на американските акции
    • Македонија и се е можно: Биле во затвор, а си земале плата од Комунална хигиена
    • Избодено 12-годишно дете среде скопски Центар
    • Ирски регулатор започнува истрага против Икс поради жалби на корисници
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

    Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

    14.10.2025 во 21:32
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешниот митинг во Крива Паланка во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што порача дека Паланка заслужува промени затоа што на овие избори се одлучува за иднината на вашата општина и добро се знае дека СДСМ не е никаква алтернатива, туку партијата која е длабоко заглавена во бизнис спрегите на тие што ја водат.

    Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче на митинзите на СДСМ, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

    „Сега дошол овде и ни кажува како тој ја доживува реалноста. Не сфаќам како може човек без образ да зборува и да се прави дека е некој друг. Тоа во медицината го викаат патологија. Патологија својствена за еден човек што ставаше рака на срце кога се колнеше во македонската жица. Но, очигледно, тоа било заразно, па тој вирус денес го има фатено и овој нов претседател на СДСМ, Венко Филипче. Вирусот започнува со чувство на самодоверба. Расте, расте … додека не прерасне во чувство на божественост. Следниот симптом? – раката на срце! Човекот што го има вирусот, инстинктивно, што и да зборува, ја става раката на срце и се колне. Понекогаш звучи чудно, невообичаено, дури и непотребно … Но, симптомот е таков“, рече Мицкоски.

    Додаде дека вториот симптом е да се прави како да не е од овде, како да е нов, чист, чесен, и како да не го познаваме.

    „И што е најинтересно, понекогаш и самиот верува во тоа што го зборува. А кога не верува тој, верува тогаш оној што му дава насоки и му го пишува говорот. Потоа доаѓа втората фаза, а тоа е заборавањето. Заборава дека другите го знаат. Заборава дека имал шанса да направи нешто. И не само што ја прокоцкал, туку е директно виновен. За трагедии. За корупција. За предавства. За срам, којшто и го нанел на својата држава“, истакна Мицкоски.

    Мицкоски понатаму, посочува дека еден од критичните, а можеби најкритични симптоми на вирусот, е јахтата, каде носителот на вирусот добива невидена желба за луксуз.

    „Се вози на јахта, мисли дека плови над реалноста. А најсилниот симптом, тоа што не реагира на ниедна вакцина, е лажењето. Тоа е неверојатно! Што да каже човекот, апсолутно е невистина и лаже. Измислува реалност што му одговара и живее во неа како да е нормално“, рече Мицкоски и додаде дека за овој вирус има две вакцини, каде првата делумно помага, а втората, целосно лекува.

    „Првата се вика Харис Џиновиќ. Кога ќе слушне негова песна, кај носителот на вирусот се појавува едно убаво чувство на еуфорија, што ги смирува симптомите за кратко време. Но, само за кратко. Вистинскиот лек е друг. Тој е сериозен, темелен, опасен за сите што се заразени со овој вирус. Лек што не заборава. Лек што не се потценува. Лек што го враќа човекот во реалноста со тресок, директно на земја. Таа вакцина е силна. Достоинствена и во согласност со сите демократски стандарди. Таа вакцина, тој лек се вика народот на Македонија и тој народ ќе им се случи за неколку дена од денес, на 19 октомври. Народот е лекот, лекот за да се освестат и да престанат да го потценуваат! Народот никогаш не заборава. Народот помни и помни добро, а помни за да не се повтори. Народот е лекот и со силата на тој лек, Македонија ќе победи. Ќе го победи вирусот што го зафати ова раководство на СДСМ, вирусот на ароганција, потценување, корупција и несфатливо однесување“, порача претседателот Мицкоски од Крива Паланка.

    Популарно

    Скокна К15 за 2025 – вработените во државно ќе земат 100 евра помалку од приватниците

    12.11.2025 во 10:21

    Орце ја викнал полицијата: Ќе има командна одговорност

    12.11.2025 во 09:30

    (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал

    12.11.2025 во 20:49

    (ВИДЕО) Николоски: Реконструкцијата на обиколницата Крива Паланка е значаен проект за Коридор 8 и врската со Бугарија

    12.11.2025 во 09:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.