Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

    Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

    14.10.2025 во 21:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Нашата општина стои на раскрсница и време е да се избере човек кој го слуша вашиот глас, кој ја дели истата љубов и болка за Преспа, за Преспанското Езеро, за земјоделците, за децата. Јас не ветувам невозможни проекти, туку чесна, транспарентна и посветена работа за секој граѓанин“, порача од трибината во Ресен, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Бузлевски.

    Тој побара поддршка и доверба од граѓаните за урбана општина која ќе ја врати на граѓаните. Најави детален план за развој на општината во следните 5 до 10 години, со јасна визија и конкретни чекори во повеќе клучни области.

    „Преспа има сè, плодна земја, прекрасно езеро, вредни луѓе. Она што недостасува е чесно и визионерско раководење. Време е општината да се врати кај граѓаните. Ќе бидам првиот меѓу вас, не над вас“, истакна кандидатот за градоначалник, Бузлевски.

    Во визијата за урбана општина се: поддршката за земјоделците, изградба на агроканализација, нови бунари, реконструкција на водоводната мрежа и стабилно водоснабдување; средени училишта, униформи за учениците и стипендии за талентирани деца; стратегија за развој на туризмот, бесплатни дигитални обуки, поддршка за спортските клубови и создавање младински совет; чистење на дивите депонии, зеленило, како и служби за домашна нега на стари и болни лица, паркови за пензионери, поддршка за семејства во ризик и достапни јавни простори.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.