Author: Author 03

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, имајќи предвид дека тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина. -Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да…

Повеќе

СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“. На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник  снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос,…

Повеќе

Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска се обрати на настанот посветен на презентацијата на предлог-текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030, на кој присуствуваа и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и претставници на институциите. Во своето обраќање, заменик министерот Исени ја нагласи важноста на стратешкото и институционално унапредување на односите меѓу државата и нашите иселеници ширум светот, посочувајќи дека дијаспората претставува силен човеков, економски и општествен потенцијал кој мора континуирано да се негува и поттикнува. „Во високотехнолошката ера кога поврзаноста меѓу луѓето и институциите е темел на секојдневното функционирање, неопходно…

Повеќе

Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци или партии. Да разјасниме за јавноста, ваков е случајот на поранешната претседателка на Судскиот Совет, Весна Дамева која беше и дел од партиски комисии на СДС пред да стана дел од правосудството. Весна Дамева, која работеше единствено по насока на СДС, а во тоа време на менторот на Филипче, Зоран Заев, на затворена седница на Судскиот Совет, сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев кој требаше да стане член на Судскиот Совет, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Постапката која…

Повеќе

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало. Доградбата го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор. „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. По неколку опомени и непостапување по издадените забелешки, механизацијата излезе на терен, во координација со инспекциските служби, и ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот. Жителите на Дебар Маало ја поздравија…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски одби можност за предвремени избори. Рече дека следната година пред државата има големи предизвици. -Дали ќе има избори понатаму? Јас апсолутно во моето воведно обраќање кажав дека следната година, 2026, ќе биде предизвикувачка година. Треба да се обезбедат повеќе од 2,2 милијарди евра да се вратат долгови од минатото. Доколку ние би формирале техничка влада, таа има лимитирани маневарски способности и ќе биде многу тешко да се размавнеме и да го продолжиме овој тренд којшто го имаме оваа година и втората половина од претходната година, посебно во делот на економијата, вели Мицкоски. Според него, на ВМРО-ДПМНЕ му…

Повеќе

Денес во свечената сала на Владата, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство. „Денес не претставуваме само документ. Денес ја претставуваме нашата обврска, нашата зрелост и нашата одлучност како држава – конечно, вистински, системски и долгорочно да им се посветиме на нашите луѓе надвор од границите. Македонската дијаспора е најголемата, најсилната и најраспространетата мрежа што ја има нашата земја“, истакна Муцунски во своето обраќање. „Ова не е Стратегија…

Повеќе

СДС на чело со Филипче не само што не може да се спротивстави и да биде конструктивна опозиција во Македонија туку падна на ниво да биде трета опозициска партија, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.Кога Венко Филипче зборува за страв веројатно мисли на себе и стравот од спротивставување на влијанијата кои ги има Заев во неговата партија. Филипче делува како продолжена рака на Заев и без одобрение на Заев не смее да одржи ниту состанок во СДС а не пак реформи и демократизација на партијата. Приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на…

Повеќе

Царинска управа: спречен обид за криумчарење хашиш, едно лице е приведено и против него е поднесена кривична пријава Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за криумчарење 48,8 грама хашиш, скриен во личен багаж на гостиварчанец родум од Швајцарија, кој патувал со лет Цирих – Скопје. Случајот е откриен при детална контрола и претрес на личниот багаж на патникот при што помеѓу неговите лични ствари е пронајдена вакумирана ќеса со хашиш, кој патникот ја купил во Германија со намера да ја пренесе и неовластено да ја пушти во промет во Македонија. Веднаш се преземени истражни…

Повеќе

На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор, информра портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од…

Повеќе