Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

    Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

    26.11.2025 во 12:17Updated:26.11.2025 во 12:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Недовербата на граѓаните кон правосудниот систем, се должи на поединци во правосудството кои се ставени под хипотеки на други поединци или партии. Да разјасниме за јавноста, ваков е случајот на поранешната претседателка на Судскиот Совет, Весна Дамева која беше и дел од партиски комисии на СДС пред да стана дел од правосудството. Весна Дамева, која работеше единствено по насока на СДС, а во тоа време на менторот на Филипче, Зоран Заев, на затворена седница на Судскиот Совет, сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев кој требаше да стане член на Судскиот Совет, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Постапката која требала да се води против Ѓорѓиев, била чувана во фиока со години, а со помош на Весна Дамева таа постапка зад очите на јавноста била сопрена со што тогаш се озвоможи Наќе Ѓорѓиев да стане член на СС.

    Наместо квалитетни и компетентни кадри да си ја извршуваат работата на судии и обвинители, поради вакви случаи како Дамева и Ѓорѓиев, чесните кадри во правосудството не можат да дојдат до израз.

    Колку свои луѓе имаат Дамева и Ѓорѓиев во судството за да продолжат да работат за нивен интерес, а во превод штитење на кадри или блиски лица на СДС? Зошто граѓаните да одвојуваат се повеќе пари од своите џебови? За да можат вакви поединци да го уништуваат и узурпираат судскиот систем?

    Граѓаните не заслужуваат оние што треба да ја донесат правдата, да бидат активни чинители на неправдата. Тие треба да бидат адекватни луѓе, луѓе со кредибилитет, додаде Манасиевски на денешната прес-конференција.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.