- Економски пресврт во Истанбул: Николоски на средба со турските министри за поголема трговска размена
- Свежо за викендот, затоплување од понеделник: УХМР најави и кога се враќаат новите врнежи од дожд
- Охриѓанец кривично ќе се гони: Изградил семејна куќа на државно земјиште во Трпејца
- Тепачка меѓу малолетници: Расправија на куќна забава во Вевчани заврши со повреден ученик
- Драма во Македонија: Пензионер ја истепал сопругата – Итно пренесена во болница
- Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет
- МВР: Извршен претрес, едно лице приведено
- Го фатиле како подметнува пожар – МВР со детали
Author: Author 03
Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. Во своето излагање, тој отвори три значајни теми за младите во земјава, како состојбата со младинската невработеност и мерките за самовработување, исполнувањето на домашните задачи, како и актуелната мерка на Владата за доделување 55.000 ваучери за купување електронски уреди за студентите, и истите ги упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Попов најнапред посочи дека младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства. Тој истакна дека самовработувањето е директен начин за младите да изградат…
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања говорејќи за Планот за раст и Реформската агенда појаснувајќи детално за чекорите и законите кои треба да се имплементираат истакна дека до крајот на оваа година ќе се работат дел од чекорите и процедурите, тие кои ќе заостанат ќе бидат сработени во првите три месеци од следната година и ќе можеме да го фатиме чекорот. „Законот за аудиовизуелни услуги е дел од Министерството за дигитална трансформација и е готов генерално, со тој закон сакавме да бидат и деловите кои се однесуваат на “roam at home“ односно кога младите ќе…
Европската комисија работи на „заемот за репарации“ за Украина и е подготвена да презентира законскиот предлог за оваа иницијатива, најави денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо. – Во тек се дискусии со земјите членки за оваа тема. Дискутираме врз основа на писмото што претседателката Урсула фон дер Лајен го испрати до земјите членки пред неколку дена. Добиваме повратни информации од земјите членки и врз основа на тоа, со јасните повратни информации, подготвени сме да поднесеме законски предлог, изјави Пињо на денешната прес-конференција во ЕК. Таа потсети дека во писмото што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатиот…
На собраниската Комисија за финансирање и буџет, за збор се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој се обрати кон пратениците од Левица, кои не присуствуваа на седницата, а имаа поднесено амандман за Буџетот за 2025 година, за кој бараат реконструкција на студентски домови. Попов им порача дека веќе реконструкцијата на студентските домови се изведува. „Со оглед на тоа дека во овој момент ни се реконструираат студентските домови, јас ќе упатам порака до политичката партија која ги поднесува овие амандмани, а тоа е дека за многу брзо од денес ќе добијат од мене покана заедно да ги отвориме и промовираме…
Единствена причина зошто денеска тука на овој амандман нема претставник од Левица е еклатантното непознавање и незнаење, како и директната грешка на тоа како тие ја поимуваат политиката, а тоа е политика на рил на Фејсбук, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет. Стојаноски посочи дека ваквите постапки на овие пратеници не заслужуваат и да се коментираат, но кога ќе влезете во Собрание и кога ќе давате некакви вакви акти треба да знаат дека сепак, некој може да излезе и да ги соочи се реалноста, а тоа е дека студентските домови…
Во моментов состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата е стабилна. Согласно информациите од УХМР, се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, во сливот на реката Треска, реката Радика, реката Сатеска, во сливот на реката Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица.Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна нивна интеракција со површинските води и појава на заезерување. Апелираме на претпазливо…
На 25.11.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 24.11.2025 околу 19:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината 15-годишна ќерка со употреба на физичка сила била внесена во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, од страна на нејзиниот поранешен партнер И.Ј.(22), кој притоа физички ја нападнал и и упатувал закани, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26 ноември 2025г. во Белград, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски, учествуваше на вториот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централно европска иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање со иницијативата. Фокус на овогодинешните дискусии беше ставен на стратешката важност изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција. Истовремено, беше потенцирано дека проширувањето на ЕУ не е само технички процес – тоа е геополитичка неопходност. „Процес кој е предвидлив, базиран на заслуги и со поголема вклученост…
Јелена Карлеуша често е во медиумите на тема одредени вербални напади од нејзините колеги. Пејачите обожаваат да коментираат за ликот и делото на Јелена, а Карлеуша често се соочува со нив. Таа сега одговори на изјавата на Тијана Дапчевиќ, која изјави дека повеќе не се пријателки и реши да ја замолчи. – Искрено, едвај знам која е таа личност… а камоли дека порано сум се дружела со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов во весник, но отиде предалеку, рече Јелена. Да потсетиме, Тијана изјави дека порано се дружела со Јелена, но дека тоа повеќе…
Како градоначалник на општина Гази Баба имам една цел, да работам исклучиво во интерес на граѓаните и да реализирам проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во нашата општина.Никогаш немам дозволено личните привилегии да бидат мотив или водилка во мојата работа, информира градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Поради тоа, сакам да ја информирам јавноста дека и во мојот втор мандат се откажувам од користењето на службено возило кое е предвидено за користење на градоначалникот, како и од средствата за репрезентација од буџетот на општината. Како и во изминатите четири години, така и во следните четири, сите…
