- Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
- Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
- Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца, ја оштетил општината за над 430 илјади денари
- Драма во Скопје: Со мотор намерно удрил во полицаец, па бегал со марихуана и над 100 таблети
- УХМР со најнова прогноза – во најава стабилизација на времето, познато и од кога
- Панова: Оперативниот план за вработување тежи скоро 40 милиони евра, над 10.000 лица ќе бидат опфатени
- Стевчо Јакимовски повикан да се јави во затвор на 2 јули
- Ѓорѓиевски: По три децении пропадање, спортската сала „Расадник“ целосно обновена и вратена на Вардар
Author: Author 03
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, институционални реформи и услуги за заштита на жените и девојките, СДСМ создаде основи за долгорочни и одржливи политики за заштита на жените од насилство. „Тоа што се направи во изминатиот период треба да продолжиме да го промовираме и преку сите инструменти…
Во вчерашната емисија „24 Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој упати остри критики за состојбата во македонското правосудство, истакнувајќи дека судството со години се соочува со негативни оценки и не е на ниво на задача. „Генерално во Република Македонија правосудството во континуитет добива негативни критики од сите извештаи и факт е дека правосудството не е на ниво на задача на која што треба да биде и затоа имавме серија на обиди најпрвин да апострофираме да сфатат самите, оние мал дел од судиите и обвинителите коишто се заробени од страна на опозицијата, дека мора да се реформираат…
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и утре (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на видеоконференција со лидерите на „Коалицијата на подготвените“ за мир меѓу Русија и Украина, објави прес-службата на турското претседателство. -Претседателот Ердоган рече дека директни разговори може да се одржат во Истанбул и дека Турција е во контакт со Русија и Украина за ова прашање, рече Бурханетин Дуран, директор на Дирекцијата за комуникации. Ердоган бил придружуван од турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз и министерот за надворешни работи Хакан Фидан. Турскиот лидер ги увери учесниците од 35-те земји дека Анкара ќе продолжи со дипломатските напори за олеснување на патот кон директни разговори што би можеле да…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка. Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици. Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување…
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ се извини за сериозниот пропуст поради кој премиерите на Финска, Данска и Луксембург, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас, не успеаја навреме да стигнат на самитот на ЕУ и Африканската унија во Луанда. Инцидентот се случил во неделата вечерта, кога лидерите чекале на пистата во Франкфурт, подготвени за патување кон Ангола, но нивниот авион не можел да полета поради техничка грешка во информативниот систем за патници. Поради проблемот, летот LH560 се одложил цели 13 часа и 25 минути. Финскиот премиер Петери Орпо сепак успеал да пристигне во Луанда, но со значително доцнење.…
Министерството за одбрана на Холандија најави дека планира значителни инвестиции во зајакнување на анти-дрон системите. Буџетот за оваа намена се движи помеѓу 1,25 и 3 милијарди евра. Планот вклучува дополнителни анти-дрон топови, дронови за пресретнување, радари и други противмерки за мали беспилотни летала. Дополнително, ќе биде засилена заштитата на холандските бродови од потенцијални напади со дронови. Оваа одлука следи по зголемената активност на дронови над холандските воени бази, што ги загрозува безбедноста на персоналот и стратешките објекти.
Главната цел на американскиот претседател, Доналд Трамп, е да ја заврши војната во Украина, без оглед на конечната форма на мировниот договор, изјави денес функционер на Белата куќа за „Политико“. Додека Украина и нејзините европски сојузници дебатираат за деталите од оригиналниот предлог на САД од 28 точки, со кој се бара Донбас да биде под руска контрола, извори велат дека Трамп нема „црвени линии“ под услов страните да се согласат и борбите да престанат. „Крајната цел е мир. Тоа е најважното нешто што може да се постигне тука. Запрете ги борбите, запрете ги убиствата, тоа е она што го сака…
Полицијата започна истрага и интензивно работи на утврдување на сите факти, обидувајќи се да одговори на две клучни прашања: како бебето завршило во отпадот и дали детето било живо во времето кога стигнало таму. Шокантен случај го потресе германскиот град Бремен. Телото на бебето е пронајдено во објект за преработка и сортирање на отпад во индустрискиот дел од градот, во пристанишната област северно од реката Везер. Во вторникот наутро, околу 9:10 часот, вработен во компанијата го забележал бебето меѓу ѓубрето во текот на редовниот работен ден. По пријавата, полицијата и истражителите пристигнале на местото на настанот, а репортер на Германската…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, им кажал на соработниците дека планира директно да разговара со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на извори од американската администрација. Порталот наведува дека засега нема прецизни информации за тоа кога би можел да се одржи разговорот, освен дека е во тек неговото планирање. -Никој не планира да влезе во Венецуела, да го застрела Мадуро или да го киднапира. Не би рекол никогаш, но тоа не е планот во овој момент. Во меѓувреме, ќе ги дигнеме во воздух бродовите што превезуваат дрога. Ќе ја запреме трговијата со дрога, рече неименуваниот функционер. Досега,…
