Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Политико: Трамп сака да ја заврши војната во Украина, без оглед на формата на мировниот договор

    Политико: Трамп сака да ја заврши војната во Украина, без оглед на формата на мировниот договор

    25.11.2025 во 22:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Главната цел на американскиот претседател, Доналд Трамп, е да ја заврши војната во Украина, без оглед на конечната форма на мировниот договор, изјави денес функционер на Белата куќа за „Политико“.

    Додека Украина и нејзините европски сојузници дебатираат за деталите од оригиналниот предлог на САД од 28 точки, со кој се бара Донбас да биде под руска контрола, извори велат дека Трамп нема „црвени линии“ под услов страните да се согласат и борбите да престанат.

    „Крајната цел е мир. Тоа е најважното нешто што може да се постигне тука. Запрете ги борбите, запрете ги убиствата, тоа е она што го сака претседателот“, рече висок функционер на Белата куќа.

    Функционерот додаде дека Трамп ќе го поддржи секој договор што води до побрз крај на војната, што и Киев и Москва можат да го прифатат.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да го прифати мировниот договор презентиран од САД, како и дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за чувствителните точки од тој план.

    За време на разговорите во Женева, американските и украинските претставници составија ажурирана верзија на планот, намалувајќи ја од 28 на 19 точки, а конечните преговори за планот ќе ги водат Зеленски и Трамп.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:21

    Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“

    17.08.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.