- Апокалиптични сцени во Словенија: Силна бура активираше 50 свлечишта, штетите се во милиони евра
- Тутунот да се третира на правилен начин – клучни препораки од СЕКЕ Прилеп
- Град Скопје со известување до граѓаните
- Сообраќајна несреќа во Македонија – Се судрија возила во Штип
- Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
- Апсење на Блаце – МВР со детали
- За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
- Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
Author: Author 03
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да добие проширени овластувања во однос на Венецуела, откако САД го прогласија претседателот Николас Мадуро и неговите најблиски сојузници за дел од странска терористичка организација – „Cartel de los Soles“, јавува CNN. Оваа квалификација овозможува дополнителни санкции и поширок спектар на мерки, но не значи автоматско одобрување за употреба на смртоносна сила. Американски претставници наведуваат дека одлуката отвора пошироки воени опции во рамките на операцијата „Јужно копје“ (Operation Southern Spear), во која во регионот се распоредени повеќе од десетина воени бродови и околу 15.000 американски војници. Според информациите, Трамп разгледува повеќе можни…
Секој чекор од мировниот процес предводен од САД за Украина мора внимателно да се разгледа за да се обезбеди траен мир и безбедност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од ДПА. -Украина работи што е можно поконструктивно, нагласи Зеленски во соопштение објавено на Телеграм. Претходно тој се обрати преку видео врска до учесниците на Четвртиот парламентарен самит на Кримската платформа во Стокхолм. Зеленски рече дека е од витално значење да се поддржат принципите за кои се залага Европа: „границите не можат да се менуваат со сила; воените злосторници не треба да избегаат од правдата; агресорот мора целосно да плати…
Безживотното тело на 42-годишен маж од Тетово било најдено попладнево во возило „Ауди Q5“ со тетовски регистерски таблици, паркирано во атарот на селото Нераште. На стаклото од возилото имало дупка од куршум, а на телото видливи траги од крв во пределот на главата, јави СВР Тетово. Сопругата на починатиот, Б.Б. (33), случајот го пријавила во два часот по полноќ, откако нејзиниот сопруг А.Б. (42) не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици. Таа посочила дека тој заминал вчера околу 18 часот со возилото, а оттогаш немала никаква комуникација со него. Полициски службеници од Полициското одделение во Теарце при…
Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „враќањето“ на Тајван во рамките на Кина е клучен елемент од повоениот меѓународен поредок, соопшти кинеската државна агенција Ксинхуа. „Кина и САД некогаш се бореа рамо до рамо против фашизмот и милитаризмот, а сега треба да соработуваат за да ги заштитат резултатите од Втората светска војна“, го цитираше агенцијата претседателот Си. Од Белата куќа потврдија дека разговор се одржал, но не открија дополнителни детали. Пекинг го смета Тајван како составен дел од својата територија и не ја исклучува употребата на сила за да воспостави контрола врз…
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет, ги повика пратениците да го преиспитаат намалувањето на средствата во програмата за рурален развој за скоро половина и да го прифатат предложениот амандман на СДСМ износот да остане ист како во 2025 година. Годишната стапка во буџетот беше околу 300 милиони денари. -За 2026 година се предлага намалување на оваа ставка, скоро половина, односно 185,9 милиони денари, или намалувањето е во износ од 115 милиони денари, истакна Лукаревска. Таа додаде дека суспензијата на ИПАРД, која е актуелна овие…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информира дека повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари, согласно предложените измени кои веќе се во владина процедура.„Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5% да остане и натаму. Исто така ние сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека и Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, бидејќи, како што нагласи, ситуацијата на теренот и во Европа се влошува секој ден. Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски политичари“. Според него, секој обид за избегнување на ова решение води кон подлабока криза и поголема неизвесност. Тој предупреди дека влошувањето е видливо на повеќе нивоа – од растечкиот ризик од ескалација и загрозената европска безбедност, до економските последици, хуманитарната катастрофа и сè потешката…
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет посочи на хаосот во земјоделството со кратење и суспендирање на програми. -Имаме суспендирана програма од 130 милиони евра и сосема неодговорен пристап на орган надлежен за управување со ИПАРД. Гледаме дека министерот бега и се крие и ги крие информациите, па дава контрадикторни информации секој ден за вака сериозна тема. Прво, немаше суспензија, па после призна дека има суспензија, па не беа засегнати договори, па станаа 50 договори засегнати, истакна Николовски. Тој нагласи дека според официјалните бројки потврдени…
Генералот на суданската армија Абдел-Фатах Бурхан денеска го одби најновиот предлог за прекин на огнот предложен од медијаторите предводени од САД, нарекувајќи го „најлош досега“. Одбивањето претставува уште еден удар врз меѓународните напори да се стави крај на повеќе од двегодишната разорна војна во Судан. Медијаторите, познати како „Квартет“ – САД, Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати – речиси две години се обидуваат да ги запрат борбите и да ја обноват демократската транзиција прекината по воениот удар во 2021 година. Во видео обраќање објавено од суданската армија, Бурхан изјави дека понудениот план е неприфатлив и ги обвини медијаторите за…
Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на Комисијата за финансирање и буџет, упати остри критики кон Владата поради целосно занемарување на земјоделците и неприменување на обврските кои државата ги има кон нив. Особено по предложениот амандман на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците, кој беше одбиен. Николовски потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофално лоша, не се исплатени субвенциите, скратени се парите, преполовени се програмите а згора на се се случи и најголемиот корупциски скандал. „Требаше да одговорите: зошто осум месеци чекаат одгледувачите на овци за исплата на субвенции? Зошто млекото не е исплатено повеќе од две години? Зошто сте ветиле…
