Close Menu
Press24
    Најново

    Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател

    08.07.2026 во 10:33

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27

    Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години

    08.07.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“
    • СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сијарто: И Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина

    Сијарто: И Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина

    24.11.2025 во 18:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека и Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, бидејќи, како што нагласи, ситуацијата на теренот и во Европа се влошува секој ден.

    Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски политичари“. Според него, секој обид за избегнување на ова решение води кон подлабока криза и поголема неизвесност.

    Тој предупреди дека влошувањето е видливо на повеќе нивоа – од растечкиот ризик од ескалација и загрозената европска безбедност, до економските последици, хуманитарната катастрофа и сè потешката положба на Украина во однос на зачувувањето на територијалниот интегритет.

    – Нема да биде подобро бидејќи ситуацијата се влошува секој ден“, порача унгарскиот министер, додавајќи дека „не постои ниту еден аспект што би можел да се подобри“ додека конфликтот продолжува.

    Притоа, Сијарто ги критикуваше европските лидери, истакнувајќи дека тие се повеќе насочени кон тоа да го „нарушат, саботираат и оневозможат“ планот на американската администрација, наместо да бараат начин што поскоро да се дојде до мир.

    Според него, одолжувањето и опструкциите може да имаат сериозни последици за ЕУ, додека за Киев ситуацијата „веќе дошла до точка каде што прифаќањето на мировниот план би можело да биде единствениот преостанат пат за избегнување уште потежок исход“.

    Прочитај повеќе

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.