Author: Author 03

Лидерот на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, на вечерешниот протест пред зградата на Владата во Тирана порача дека опозицијата ќе продолжи да се бори „до соборување на нарко-диктатурата во државата“, истакнувајќи дека има поддршка од меѓународната заедница. „Демократите и опозицијата не се сами во својата борба со злото, туку имаат поддршка од луѓето што ја сакаат слободата и вистината, низ целиот свет. Времето го повикува секој млад Албанец да се спротивстави за да ја спаси земјата од оваа вистинска катастрофа во која потонува“, рече Бериша. Тој обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската“, наведувајќи ја…

Повеќе

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев ја предводи македонската делегација на Генералното Собрание на Интерпол, кое се одржува во Маракеш, Мароко. На Генералното Собрание учествуваат високи делегации од државите членки на Интерпол од сите региони во светот, кои освен усвојувањето на програмата на активности, стратешката рамка и буџетот на Организацијата, во текот на оваа сесија на Генералното Собрание ќе разгледаат низа стратешки и оперативни прашања, меѓу кои идентификување и сузбивање на транснационалниот организиран криминал, проширување на глобалните полициски капацитети на Интерпол, унапредување на улогата на жените во полициските служби, разгледување на резултатите од пилот-проектот „Сребрена Потерница“…

Повеќе

Вредноста на имотот на американскиот претседател Доналд Трамп се намали за 1,1 милијарда долари, достигнувајќи проценета вредност од 6,2 милијарди долари, објави „Форбс“. Главниот виновник за падот е значителното намалување на вредноста на акциите на неговата медиумска и технолошка компанија TMTG, кои се соочуваат со нестабилност на пазарот. Акциите на TMTG во петокот затворија на 10,33 долари, близу историски минимум. Во септември, „Форбс“ ја процени имотната состојба на Трамп на 7,3 милијарди долари, што тогаш го рангираше на 201. место на глобалната листа на милијардери. Компанијата TMTG во мај објави планови за собирање околу 2,5 милијарди долари за купување биткоин,…

Повеќе

Утре, 25 ноември 2025 година, повеќе тетовски населени места ќе бидат погодени од планирани исклучувања на електричната енергија поради технички зафати на мрежата. Според информациите, без струја во различни интервали меѓу 08:53 и 15:00 часот ќе останат селата Седларево, Гургурница, Луковица, Мерово, Једоарце, Палатица, Брвеница и Пршовце. Исто така, прекин е најавен и за делови од градот Тетово, вклучително и објектите што се наоѓаат на улицата „Питу Гули“. Прекините се планирани и нивната временска рамка варира во зависност од локацијата — од раните утрински часови до попладне, меѓу 14:00 и 15:00 часот. Институциите апелираат до граѓаните навреме да се подготват…

Повеќе

Украинските контранападни сили соопштија дека успеале да ги потиснат руските трупи од централниот дел на Покровск, град каде што во последните недели се водеа најжестоките борби на источниот фронт. Според украинските извори, пешадиски тимови потпомогнати од дронови и артилерија извршиле брзо прочистување на клучните градски позиции, по што руските единици се повлекле кон јужните квартови. Командирот Валентин Манко истакна дека централниот дел на градот е стабилизиран, но операциите продолжуваат, бидејќи во периферијата сè уште има руски групи кои пружаат отпор. Од руската страна пристигна само кратко соопштение во кое се тврди дека биле одбиени повеќе украински напади, но без директно…

Повеќе

Шпанскиот државен обвинител Алваро Гарсија Ортиз поднесе оставка денеска, во писмо упатено до министерот за правда Феликс Боланос, откако минатата недела Врховниот суд му изрече двегодишна забрана за извршување јавна функција. Од обвинителството за агенцијата Ефе потврдија дека оставката е поднесена поради пресудата поврзана со откривање доверливи информации. Ортиз беше обвинет дека „протекол“ доверлива е-пошта поврзана со случајот за даночна евазија на Алберто Гонзалез Амадор, партнер на влијателната регионална лидерка на Народната партија, Изабела Дијаз Ајусо, пренесе „Ел Паис“. Во писмото до министерот, Гарсија Ортиз побарал да биде разрешен по негово барање и навел дека не сака ни да го…

Повеќе

Вишиот суд во Нови Сад донесе нова првостепена пресуда поврзана со трагичното уривање на натстрешницата на Железничката станица, наложувајќи им на „Инфраструктура железнице Србије“ и на државата Србија да исплатат значителна оштета на уште едно семејство на загинати. Според пресудата од 20 октомври 2025 година, тужителите Р.З. и Р.З. треба солидарно да добијат по 13 милиони динари (околу 110 илјади евра) за претрпена душевна болка поради смрт на близок, како и по 1 милион динари (околу 8 илјади евра) за претрпен страв. Оштетата треба да биде исплатена со законска камата во рок од 15 дена од приемот на пресудата. Судот…

Повеќе

Франција воведува доброволен воен рок. Се очекува овој план да придонесе за зајакнување на вооружените сили и растечката закана што ја претставува Русија, објави Политико. Главната мотивација зад новиот безбедносен план е зајакнување на вооружените сили и одговор на растечката закана што ја претставува Русија, објавува Политико. Проектот не предвидува враќање на задолжителната воена служба, но е креиран со цел обучениот персонал да се насочи кон активните сили или резервниот состав. Во минатото, идејата за регрутација понекогаш се појавуваше како средство за дисциплинирање на младите или за јакнење на социјалната кохезија. Но според властите, денес приоритетот е јасен – армијата…

Повеќе

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која истакна дека со иницијативата за формирање на Анкетната комисија ќе бидат утврдени околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во државата, како за последната во дискотеката Пулс, така и за Модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и сообраќајната несреќа на Беса Транс. „Денеска ние излеговме со предлог и доколку ние навистина сакаме и целата јавност да го расчистиме овој случај нека се допотпишат на нашата иницијатива и како зрели возрасни луѓе и политичари треба да ја одржиме таа Анкетна комисија…

Повеќе

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорот на Сити колеџот во Солун Јанис Верверидис, денес на 20 македонски граѓани им ги доделија стипендиите „Борис Трајковски“ за двегодишни студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Европски кампус на Универзитетот Јорк – Сити колеџ во Солун. На свеченоста организирана по овој повод, министерката Јаневска потсети дека традицијата на доделувањето на стипендиите во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски трае веќе 22 години и дека и овој пат очекува да се создаде нова генерација постдипломци…

Повеќе