Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силен земјотрес ја погоди Италија
    • Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Американски извори: Не планираме да го убиеме Мадуро, но ќе ги уништиме нарко-бродовите

    Американски извори: Не планираме да го убиеме Мадуро, но ќе ги уништиме нарко-бродовите

    25.11.2025 во 21:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател, Доналд Трамп, им кажал на соработниците дека планира директно да разговара со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави денеска Аксиос, повикувајќи се на извори од американската администрација.

    Порталот наведува дека засега нема прецизни информации за тоа кога би можел да се одржи разговорот, освен дека е во тек неговото планирање.

    -Никој не планира да влезе во Венецуела, да го застрела Мадуро или да го киднапира. Не би рекол никогаш, но тоа не е планот во овој момент. Во меѓувреме, ќе ги дигнеме во воздух бродовите што превезуваат дрога. Ќе ја запреме трговијата со дрога, рече неименуваниот функционер.

    Досега, во воената операција на американските сили, наречена „Операција Јужно копје“, убиени се најмалку 83 лица во 21 ракетен напад врз бродови за кои се тврди дека превезуваат наркотици во САД.

    -Имаме тајни операции, но тие не се наменети да го убијат Мадуро. Планирани се за да се спречи труењето со дрога. Меѓутоа, доколку Мадуро си замине, нема да пролееме солзи. Тој е нарко-терорист, рече претставникот на Белата куќа.

    Во меѓувреме, американскиот генерал Ден Кејн, за кого се вели дека е „мозокот“ на „Операцијата Јужно Копје“, го посети Порторико, каде што се стационирани околу 10.000 припадници на американските сили.

    САД вчера официјално го означија венцуелскиот нарко-картел „Картел де лос Солес“ како терористичка организација.

    Администрацијата на Трамп го обвини Мадуро дека го предводи картелот, што тој го негира.

    Пред соопштението од Вашингтон, венецуелската влада го отфрли планот на Соединетите Американски Држави да го означат она што го нарекуваат „непостоечки“ Картел де лос Солес како терористичка организација.

    Прочитај повеќе

    Силен земјотрес ја погоди Италија

    18.08.2026 во 10:37

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.